Битката кај Осфронталис*

06.03.2023 10:33

Зборовите дојдоа со полиси за осигурување –
Гавранот се преправи мртов.
Зборовите дојдоа со покана за војска –
Гавранот се направи луд.
Зборовите дојдоа со празни чекови –
Тој им нацрта „мини мауси“ ним.
Зборовите дојдоа со Аладинова ламба –
Тој ја продаде и си купи бурек.
Зборовите дојдоа преправени во ред вагини –
Тој пријателите ги збра.
Зборовите дојдоа преправени во овенчана вагина што го свири Хендел –
Тој ја подари на музеј.
Зборовите дојдоа со буриња вино –
Тој го остави киселина да се стори и со него зимница си кладе.

Па седна да си свирка.

Зборовите го нападнаа со глотална бомба –
Тој ни да чуе.
Зборовите го опколија и го прегазија со лесни аспирати –
Него дремка го фати.
Зборовите му вметнаа герила од лабијали –
Гавранот со клунот штракна, се почеша.
Зборовите го потопија во консонантска маса –
Гавранот водичка си голтна и на небото благодарам му рече.

Зборовите исплашено се повлекоа
Во череп од мртов дворски шут
И цел свет со себе го зедоа –

Но светот никако тоа да го види.

А Гавранот се проѕевна – пред многу одамна
Го исклукал тој череп до последна трошка.

1967 г.

 

* Изведено од латински: „челна коска“, череп.

Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Книжевност
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото