
Проектот на фотографот Џонатан Јасберг носи наслов по една древна египетска поговорка - „Каиро: убавото никогаш не е совршено.“ Серијата е избор на слики направени во Каиро за време на пандемијата COVID и има за цел да ги отслика искрените моменти на жителите од големата метропола која често се смета за опасна и бурна.
Додека туристите често го прескокнуваат градот, застанувајќи само кај пирамидите и музеите, Јазберг има за цел да ги долови убавите моменти од секојдневниот живот што ги пропуштаат странците, а можеби се толку познати за оние кои живеат таму долго време, што веќе стануваат невидливи.
Извор: BOOOOOOOM