Одмаздничка сказна

08.03.2023 11:35

Си беше еден човек
Кој никако од мајка си да се раатиса
Небаре ѝ беше највисока вејка.
Па удираше и маваше по неа
Со бројки, равенки и закони
Што тој ги смисли и ги нарече вистина.
Ја испрашуваше, обвинуваше
И казнуваше, како Толстој,
Ѝ забрануваше, ѝ викаше, ја колнеше,
Со нож ѝ се топореше,
Ја уништуваше со одвратност
Со булдожери и детергенти
Со услови и со парно греење,
Со пушки, со виски и со мачен сон.

Со сите дробни дечиња на раце, во неземски плач,
Таа си умре.

Главата тогаш му капна ко лист.

1968 г.

Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото