1015 hPa
62 %

12 °C
Скопје - Пет, 14.02.2025 15:59
Го реновиравме конзерваториумот и сега е еманципаториум.
Шимејл адреса.
А за 8 Март работничките ќе наздрават со проплакано мајчино млеко.
Кај што има чад баба се чешла.
Имам отсуствувано од сопственото смеење.
Можеби сѐ што треба за да се згрееме е да направиме радијаторка од реброто на радијаторот?
Капнав, флека не станав.
- Нит честитка нит подарок за Валентајн!
- Божеее, толку сум заљубен што заборавив дека постои Валентајн!
- Мамо, како се земавте со тато?
- Му дадов прст и ми ја побара раката.
- Му кажа дека си му лута?
- Не!
- Зошто?
- Пошо сум му лута!
Му викам на К: Ич не се секирај, накриви си ја капата.
К: Ќ.
- Зошто си толку малечка?
- Таква сум си од раѓање.
Некој да ми кажувал пред две години дека сум способна да повредам човек, ќе сум го утепала.
Стој! Имам план и не се плашам да го употребам против себе!
Фала што ми кажа да бидам спонтана, да знам да си планирам.
Вљубезни се! Ти, да, тебе ти зборувам - да се вљубезниш.
Планот е на 70 години да имам внуци, да им купам мотори, да ги терам да ме возат и дур се држам за нив да ми викаат: Ко за 70 годишна добро се држиш!
На кого му пречи силна Аждаја?
Фотографии: Julia Fullerton-Batten