1010 hPa
73 %
20 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 09:59
Сè си е на место
Крава молзи молзнач, во штекер се грее полнач, сасквач лежи под сач, а на гранка седи краткопрст ползач.
***
На клупа во парк разговарале врач, гатач, одгатнувач и бајач-трујач.
„Имам видено како косачот сред нива фаќа орач во магичен обрач“, рекол врачот, и додал: „А орачот после го барале со Гајгеров бројач.“
„Јас сум видел како острачот на фронцли сечка дрвосечач!“, рекол гатачот.
„Јас имам видено како јавачот-ткајач од седло во стратосфера исфрла сарач сосе сантрач!“, рекол одгатнувачот.
Јас го имам видено сејачот-жнејач како со корбач на плач тера питач“, рекол бајачот-трујач.
„Би рекол дека ова за питачот е патетичен трач“, рекол врачот.
„Нема врска“, помирливо рекол бајачот-трујач. „А знаете за славниот брусач-резач што сечел дијаманти со секач?!“
***
Додевач-задевач на клупа во парк седнал до познавач-потсмевач.
„Ти не си познавач туку подривач“, рекол додевач-задевач.
„А ти не си додевач-задевач туку боцкач-подбуцнувач“, одговорил познавач-потсмевач.
***
Викач-пискач му рекол на крекач-гракач дека е ркач.
„Ако сум јас ркач тогаш си ти ползач-влекач“, му возвратил крекач-гракач на викач-пискач, додека се спремале да преноќат на клупа во парк.
***
Читач-пишувач, минувајќи крај клупа во парк, слушнал како цицач-чистач му рекол на цртач-чкртач: „О ти неталентиран шкрабачу-мачкачу!“
***
Шетач-шептач и зборувач-озборувач на клупа посматрале како во колони, накај грмушките, надоаѓаат парковските манијаци, небаре на симпозиум, редум и во групи. Најпрвин дошле пушач-пуштач, давач-дувач, барач-примач и клепач-чукач, а веднаш зад нив ѕиркач-душкач, меркач-демнач и фаќач-плаќач. Во третата група заедно се појавиле шмукач-шмркач, шприцач-впивач, ставач-штавач, јавач-мешач, мавтач-корбач и гибач-пипач, а веднаш по нив улетале и близнаците акач-ебач и акач-бакнувач.
Во какофонијата од тешко разбирливи гласови шетач-шептач во еден момент слушнал како ставач-штавач на давач-јавач му рекол дека е јанлаш.
А групите не престанувале да надоаѓаат. Еве ги, од нигде никаде, и заведувач-изведувач, подведувач-претресувач, потпалувач-засилувач и прашувач-опрашувач, а веднаш зад нив и опседнувач-надразнувач, ракувач-подмачкувач и скротувач-смирувач.
Најпосле, со значајно задоцнување дошле и мочач-уживач, плукач-лизнувач, лигач-лизгач, сркач-повраќач и гаѓач-напаѓач („фрлачот на гаќи“).
***
Лунѕач-талкач и лангач-клинкач во грмушки во парк го начекале акач-бакнувач, и ги истепале.
(продолжува)
Слики: Rokuro Taniuchi (1921–81)