1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 07:59
Неодамна еден мој близок пријател беше на ручек со човек за кого само можам да кажам дека е син на апсолутист и долгогодишен владетел на една арапска муслиманска земја. „Кажи ми“, му се обратил тој на мојот пријател, „дали е вистина дека денес постојат слободни избори и во Албанија?“ Мојот пријател потврдил дека ова е (релативно) точно, додавајќи дека еднаш дури и бил меѓународен набљудувач на изборите во оваа земја, и дека може да потврди одредено ниво на транспарентност и праведност. Ефектот на оваа изјава бил неверојатен. „Во тој случај“, рекол наследникот на тронот, удирајќи со ракара по масата, „какви сме, тогаш, ние? Зарем ние сме селани? Деца?“ Неговото расположение само се влошувало кога сликата на Арапите како предмет на потсмев – заостануваат зад Албанија! – станала главна тема на разговорот.
Кој би можел да претпостави дека ваквото споредување ќе биде таков катализатор во главата на еден нервозен престолонаследник? Изворите на незадоволство во арапскиот свет се толку бројни што постојат многу причини кои би можеле да додведат до побуни. Поради тоа мораме да внимаваме да не го бираме лесно клучниот проблем. Сиромаштија и невработеност? Тие се толку распространети што би можеле да ја објаснат побуната во секој миг – во секој случај, Тунижаните имаат највисоки доходи по глава на жител во северна Африка. Диктатура и угнетување? И ова може да се смета за секојдневие во споменатите земји. Покрај тоа, најупадливите авторитарни режими – Сирија и Саудиска Арабија, на пример – засега се поштедени од побуни. (Би сакал во најблиска иднина да ја порекнам оваа своја изјава.)
Верувам дека факторот понижување и срам, кој може да се види во анегдотата која ја раскажав на почетокот, е многу подобро иницијално објаснување. Еден од охрабрувачките факти, кога се во прашање диктатурите, е дека тие никако не успеваат да го сфатат овој дел од равенката. Добро е да се знае дека сите овие режими продолжуваат да ги прават истите очигледни грешки. Изгледа дека ниеден од нив не успеал да совлада неколку едноставни техники на преживување: не му дозволувајте на поширокото семејство на врховниот водаш да троши огромни износи во купувања; не го разгалувајте јавно првородениот син, небаре луѓето едвај чекаат и тој да биде именуван за владетел од балконот на некоја палата; не ја ставајте вашата фотографија на секоја бандера во земјата; не тврдете дека сте ги добиле „изборите“ кои сте ги организирале со над 75% од гласовите. И не се обидувајте да ги задушите друштвените медиуми: тоа дури и кај најзаспаните граѓани ќе биде моментален сигнал дека ја губите власта, или дека веќе сте ја изгубиле.
Луѓето не сакаат да бидат третирани како будали, или заостанати деца, или како статисти на некоја парада. Постои природен и вроден отпор кон ваквото старателство, поради многу проста причина – младите луѓе сакаат да бидат третирани како возрасни, а родителите не можат да поднесат да бидат понижувани пред очите на своите деца. Еден од поинтересните заклучоци на Френсис Фукујама, кој се заснова на проучувањето на Хегел и Ниче, е дека историјата покажува дека луѓето се спремни да се борат за почит и признание, исто онолку колку и за помалку апстрактните концепти како што се храната и територијата.
Порано или подоцна, чашата се прелива и луѓето повеќе не можат да трпат. Николае Чаушеску ја потпиша својата смртна пресуда оној ден во декември 1989 г. кога се реши да ги повика граѓаните на Букурешт на уште еден присилен митинг каде што беа присилени да стојат, немо врескајќи од внатрешна досада, ракоплескајќи по наредба, додека тој говореше онолку долго колку што му се допаѓаше. Се сеќавам дека помислив, кога минатата есен беа организирани „изборите“ во Египет, дека претседателот Мубарак повеќе би го почитувале кога би ги откажал овие избори наместо да ги организира на толку навредлив начин. Нешто слично важи и за „зеланата“ побуна која дојде како последица на најновото народно изјаснување кое го организираше иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад: сите однапред знаеја дека изборите се „наместени“, но овојпат мулите не се трудеа да се преправаат дека не е така. Сосем е можно дека луѓето полесно ќе преминат преку отвореното насилство отколку што ќе го простат нескриениот презир.
Еден од најзначајните дисиденти на египетското „граѓанско општество“, Саад Един Ибрахим, произведе нефверојатен ефект со едноставното предизвикување на режимот на Мубарак токму на оваа основа. Кога Мубарак веќе се реши да се преправа дека организира избори, Ибрахим и неговите колеги истражувачи сметаа дека имаат право да спроведат независно анкетирање на гласачите и да ги објават резултатите. Тешко може да се замисли поблаг облик на отпор, меѓутоа, поради глупоста и примитивноста на египетските власти, последиците од овој потег беа речиси со сеизмички размери. Јавни судења на мирните анкетари и научници; мрачни обвинувања за тајно финансирање од странство на луѓето кои се занимаваат со политичка социологија. Целокупниот гломазен египетски државен апарат се здружи за да делува заканувачки и да ги убеди своите граѓани дека тие се слуги на глупи господари. И повторно навредата беше многу длабока, а силеџиите на Мубарак беа преглупи да ја сфатат својата грешка.
Саад Един Ибрахим беше еден од малубројните арапски интелектуалци кои се појауваат во јавноста, а кој го поддржа уривањето на Садам Хусеин и кој веруваше дека тој настан може да придонесе за демократска ренесанса во овој регион. Расправата за тоа ќе се води уште долго, и не може да се реши едноставно на еден или друг начин, делумно од причина што ослободувањето на Ирак не може да се опише како чин на ирачкиот народ, па со самото тоа на некој начин го истакнува проблемот со зависноста од некој друг. Демократскиот бран кој наиде по 2003 г. беше краток и во одредена мера плиток, и на индиректен начин корисен за Хамас и Хезболах, како и Курдите и Шиитите во Ирак и Либанското демократско движење. Но школата која во Америка ги застапува промените на режимите сепак може во сето тоа да бара свое оправдување во одредена мера.
Ние тврдевме дека наводната привлечност на авторитарната „стабилност“ во суштина е илузорна, бидејќи ништо не е понестабилно и понесигурно од диктатурата која не поседува никаков самокритичен метод со кој би учела на своите грешки. Епизодите на „народните движења“ од минатото, во Азија во раните 80-ти, како и сеопштото отфрлање на воената власт во Латинска Америка и мирното ослободување на Јужна Африка, дефинитивно покажаа дека ова е точно. Тие за последица имаа дека арапскиот регион почна да делува доста впечатливо и назадно. Ова чувство на присилно враќање во детството и незрелоста, долгорочно гледано, даде лековит ефект за кој можеме само да се надеваме дека ќе потрае подолго од искушението – искушението на незрелата култура на самосожалување и улогата на жртва, заедно со лажната сигурност која ја пружа теократијата – кое сигурно ќе се појави сега кога периодот на принудната адолесценција е завршен.
Извор: Slate
Илустрации: Хироши Танабе