Митот за рудниците на смртта

15.03.2023 13:16
Митот за рудниците на смртта

 

Maкедонија има современи рудници кои по сите технолошки оперативни параметри како и безбедносните параметри економските и еколошките параметри се водечки во сферите каде делуваат. Имаме рудник од светска класа по безбедносни параметри или во бројки 253 000 работни часа без никаква лесна повреда. Имаме примери на рудници во кои емисијата на загадувачки компоненти е минимална и ги задоволува сите барања на дозволите коишто им се доделени (Саса, Бучим, Злетово). Рударството од одамна - тие стари слики на небезбедни места, на загадена околина итн. - модерната индустрија го изменила.

Инволвирањето на граѓаните преку референдуми не е лоша работа. Дали тие се добро информирани или не се тоа е веќе предмет на дискусија. Нормално е граѓаните да бидат вознемирени ако им се дадени информации дека тоа се рудници на смртта. Факт е дека модерната индустрија е драстично променета од тоа што беше пред 30-40 години. Сликите пред 30-40 години дури во земји коишто имаат многу понизок економски развој од Македонија нема да поминат кај државните служби. Ние имаме рудници за злато коишто користат процес на цијанидизација којашто денес е затворен процес, целосно индустријализиран процес. Апсолутно не се работи за отворен процес, туку целосно индустријализиран. Тоа е фабрика. Не се работи за отворени купови цијанид итн.

Финците конкретно се лидери во оваа работа со рудниците за злато коишто користат процес на цијанидизација. Таму Китила е најголем рудник каде инвеститори се канадско-американски партнери. Тоа е целосно автоматизиран, нискоенергетски процес. Хемикалиите коишто се користат се строго регулирани. Натрум цијанидот е толку строго регулиран на пазарот што се знае точно кој го произведува, кој го купува, каде го складира и колку и како го троши. И имате затворени процеси на цијанидизација. Тие процеси подразбираат материјалот да се искористи за растварање на златото а потоа тој материјал се уништува со водородни пероксиди или сулфур диоксид до таа мера што цијанидите ги немате во отпадниот материјал! До ниво коешто е прифатливо за вода за пиење а не до ниво за отпаден материјал! Значи, забрането е да депонирате отпаден материјал со содржина на цијаниди над 0,02 ppm. Значи, во едно фудбалско игралиште метар високо да ставите една кафена лажичка, да расеете по него и да пробате да го најдете.

И за јавноста во западните земји е неприфатливо да се добива златото на нееколошки начин. Било кој метал да го добиваме на нееколошки начин е неприфатливо. Ако ние копаме 20 години а 1000 години потоа чистиме е апсолутно неприфатливо. Јавноста со право ќе реагира дека тоа е неприфатливо ако така се одвива процесот и треба да каже ние не го прифаќаме ова. По законите сите рудници се проектираат за да добро се затворат. Од почетокот се знае што ќе се направи за да се затворат, рекултивација и сл. Само нелегалното рударство е проблем во светот и денес ја маркира индустријата како загадувачка.

ОкоБоли главаВицФото