Фабрика за јамболии „Газела”

15.03.2023 14:19
Фабрика за јамболии „Газела”

 

 Ќе ти дадам со парите џебно ноже, ама ќе ми ги вратиш со камата.


Боата потекнува од ледено доба, а лавабоата - од виледено.


Врапчето што минатиот четврток избегна судир со утка, денес се врати од вечерното училиште со авто-бувче.


Лекар за вид кај птиците?
Па оПтичар!


Григор Прличев бил специјалист оарматолог.


Пеколот се ложи на дела за оГрев.


- Колку време можеш да ми посветиш?
- Една жута минута.


- Што правиш пастрмке?
- Еве, си рипкам. А ти, сокче?
- И јас, си џускам.
- Ааа, мене па ми личеше ко да сокаш.


- Го знаеш ли Бернард?
- Шо?
- Го знаеш ли Бернард?!
- Кој Бернард?
- Шо.
- Кој Бернард?!


- Имам добра и лоша вест.
- Која е добрата вест?
- Што немам лоша!
- А лошата?
- Што немам ни добра.


А навечер Земјата ќе заборавеше да се врти, и дури наутро ќе ѝ светнеше.


Ако си на седмо небо, нема да ти е битно во кој круг си.


Фабрика за јамболии „Газела”.


Пчеларот е ројач на сопствената судбина.


Снемав досетки - ме фати црвено на снемафорите.


Се згазив од смеење на прстот.


Слики: Ernst Kreidolf (1863-1956) - Der Traumgarten

ОкоБоли главаВицФото