Промоција на книгата "Раздавање на душата" од Цветанка Трпкова

16.03.2023 11:53
Промоција на книгата "Раздавање на душата" од Цветанка Трпкова

Во вторник, со почетокот од 19 часот, во просториите на Public Room ќе се одржи промоцијата на книгата "Раздавање на душата" од Цветанка Трпкова. Книгата е издание на издавачката куќа Темплум, а промотори ќе бидат Синоличка Трпкова, Оливера Ќорвезировска и Никола Гелевски.

Цветанка Трпкова по многу нешта ќе остане запаметена во македонската култура. "Раздавање на душата" претставува дел од нејзиното мошне интересно прозно творештво. Таа има издадено две збирки со кратки раскази: "Бележани со некој пален знак" (1979) и "Големото чистење" (1984), a "Раздавање на душата," која е дел од едицијата Магма, претставува сублимат од 17 кратки раскази, зачудувачки свежи и живи, педесетина и повеќе години по настанувањето.

Поговорот на книгата го напишаа Кирил и Синоличка Трпкови.

***
Цветанка Трпкова, родена Секулоска, беше прилепчанка по мајка и по татко, дете на Александар Секулоски (Цане Боксерот) и Блага Пирганоска. Родена е на 21 март, првиот ден на пролетта, 1939 година. Во 1989 година загина во сообраќајна несреќа.

ОкоБоли главаВицФото