Коњ

16.03.2023 15:08

Трча коњот мојот коњ
оној узда што му држи
главата му
во облаци

Како извор
како глечер
што под карпата се буди
Искачен на лесни нозе
а со копита од кремен

Облак пенлив
што знае
секој камен секој срт

А по дното
на поилото
само еднаш кај ќе згазне
растат млади месечини

Ѕверовите
губат здив
кога кришум ќе се здаде
од модрите длабочини

А кога ќе извисне
и кога ќе зататни
во грлото запенува
вруток бел

Божилакот стои нем
под кој еднаш сал помина
секавица престорен

Трча коњот
мојот коњ
Патот му го брои времето
на зелен часовник

Понекогаш кришум идам
да го видам јавачот
дали седи во сенките
или шета по времето

А тој: уздата ја држи
главата му во облаци.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото