1026 hPa
87 %
5 °C
Скопје - Пон, 11.11.2024 22:59
Сè си е на место
Возач мавта со корбач, ложач мавта со жарач, ковач со држач му дава колач од рогач на копач.
***
Предавач-продавач (познат и како давач-препродавач), излагач-изнајмувач (познат и како излачувач), запнувач-зборувач, најавувач-намамувач и запалувач-заплашувач (познат и како грабач-гракач), качени на клупа во парк, на насобраниот народ му продавале басми и шашми.
Разузнавач-известувач меѓу насобраните препознал и други персони од криминалното милје: изработувачот-забошотувач, крстосувачот-пљачкосувач, ограбувачот-одгатнувач, пакувачот-уценувач, оценувачот-одмаздувач, изнудувачот-понудувач и избирачот-собирач.
***
Пред клупата на која седел живчаниот гласач-гледач застанал избирач-собирач.
„Дали може да седнам? Ми треба потпирач“, рекол избирач-собирач.
„О ти менувачу на партии, подмитувачу и народен угнетувачу! Прогласувачу на лажни победи, разгласувачу на глупости, пренесувачу на жедни преку вода, донесувачу на страшни вести, поднесувачу на приговори, разнесувачу на токсичен отпад, бирачу-барачу-на-неволји! Не можеш да седнеш на мојата клупа!“, се раздрал гласач-гледач.
„Јас себе се гледам поинаку: како прецртувач-прицврстувач, упатувач-позлатувач, со-гласови-снабдувач“, мирно одговорил избирач-собирач.
„Со гасови-од-газот-снабдувач си ти, проклет избирачу-собирачу“, рекол бесниот гласач-гледач.
***
Тепач-трепкач, терач-туркач, истерувач-тепкач, борач-буткач, чукач-удирач и кршач-бришач во паркот вежбаат боречки спортови.
Кога е потребна мала толпа на помош доаѓаат и навивач-набивач и разбивач-забивач.
***
Навивач-набивач на клупа во парк го прашал разбивач-забивач каков развивач користи.
„Стероиди“, рекол разбивач-забивач.
***
Во грмушките зад клупите во парк акач-бакнувач и акач-ебач ги истепале лунѕач-талкач и лангач-клинкач.
Настанот од клупа го проследил играч-посматрач.
***
Готвач-голтач во парк замолил добавувач-доставувач за малку боливач и рогач, за колач.
Добавувач-доставувач тогаш му се јавил на давач-препродавач, а овој му се јавил на пакувач-уценувач кој во својот замрзнувач чувал рогач и боливач.
Испорачувајќи, добавувач-доставувач рекол: „Повели. Сега си готвач-голтач - добивач на боливач.“
***
Боцкач-подбуцнувач и задевач-додевач ги терале ди пијат до бесознание долевач-налевач и допивач-опивач.
Слики: Rokuro Taniuchi