Анализа: „Фемицидот во македонските медиуми“

17.03.2023 11:22
„Фемицидот во македонските медиуми“, анализа на родово-базирани содржини во издание на ИКС

Во издание на Институтот за комуникациски студии, објавена е публикацијата „Фемицидот во македонските медиуми“, анализа реализирана од м-р Бојана Јовановска и м-р Јована Јовановска.

Анализата на родово-базирани медиумски содржини „Фемицидот во македонските медиуми“ има цел да даде одговор како медиумското известување за случаите на фемицид, како најтешка форма на родово-базирано насилство, влијае на перпетуирањето на родовите стереотипи. Во оваа студија се анализирани три посебни случаи за фемицид во Македонија и фемицидот на Махса Амини во Иран од страна на полицијата. Медиумската анализа е изработена од Институттот за комуникациски студии во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија“, кој се реализира со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

„Фемицидот претставува убиство на жена затоа што е жена и претставува најекстремна манифестација на насилство врз жените, која најчесто е резултат на континуирана изложеност на насилство, при што сторителите најчесто се интимни партнери, членови на семејството или други лица познати на жртвата. Фемицидите може да се јават како резултат на различни видови традиционални сфаќања и пракси, кои и денес се широко распространети низ целиот свет. Така на пример, во некои општества сè уште одредени убиства на жени се сметаат за оправдани, како на пример убиството на жена поради изневерување на партнерот.“, пишува во воведот на студијата.

Според оваа анализа „моќта на медиумите често се потценува, особено во делот на штетата што несоодветното известување може да ја нанесе врз жртвите на родовобазирано насилство (секундарна виктимизација) и жените генерално, но и за превентивната улога што медиумите треба да ја имаат во оваа сфера.“

Извор: Нова тв онлине

ОкоБоли главаВицФото