1025 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 04:59
Кај ми се јавија некои проблеми со лицето, кај просурфав кај се запустив! Знаете ли дека има лепенки за очни капаци, значи лепенки, ко селотејп, па да ти ги држат капаците демек подигнати, младешки изглед као, па врз селотејпот и шминка си ставаш! Па ботокс на трепки, па имаш руски усни (какви се тие усни побогу?), па имаш некои хемикалии за усните, да си ја смениш природната боја на усната, па веѓи јапонски корејски цртани полуцртани, па попусти на групер од само 48 илјади ботокс сега за 40.000! Серуми за масна кожа ама сува брада, масна Т зона а сува кожа, серум за сѐ, серум за лице ама не за околу усни, пептиди кои ќе те направат 20 години помлада, 584 видови хијалуронски киселини...
И ајде сѐ ова ок, иако сериозно можеш да збудалиш читајќи, туку ако имаш реален проблем, термин на дерматолог нема во наредни 2 недели! Никаде! Сѐ е посветено на пролетни разубавувања, преполни сме госпоѓо со третмани, докторката може да ве види дури во април. Им пишуваш, ти викаат, аааа ние не можеме совет да ви дадеме освен да ви ја предложиме козметиката со која работиме (читај: земаме процент). Ти иде на крај немиен да си легнеш и да оставиш сѐ на природата, а за свечени пригоди една точка Бекутан и ајт!
Мери Јордановска, Фејсбук, 19.03.23.