И не туку се сили прчле едно, Костадинчо!

22.03.2023 10:37

Ако веќе не го едуцирала партијата под чиешто знаме, односно идеолошки вредности и политички ставови, дошол на власт и градоначалничка позиција, тогаш некој треба да му каже на Костадинчо дека:

- православието може да биде негова слобода на вероисповед (определба тешка работа, ваљда не бил вундеркинд кога при крштевка го определиле други) кога лично, приватно, во свое име, како Коки, ќе оди на Црква, ќе се моли, ќе чита и верува во Библијата, во потопи, распнувања, воскресенија итн.

- А кога како градоначалник, во име на функцијата, канцеларијата која претставува граѓани, различни, плурални, сингуларни, а не верници на оваа или онаа вероисповест, ќе седи во прв ред на омразосеечки мизогини хетеропатријархални и христијански трибини, и како градоначалник ќе ги поддржува таквите собири во име на општината, ќе се влажни, восхитува, екстазира на секоја изречена глупост, тогаш, Костадинчо, тоа не е слобода, туку ја преоѓа границата накај теократско и фундаменталистичко политичко владеење, што е сè само слобода не. Крвта низ историјата и континентите ни е сведок за тоа!

И не туку се сили прчле едно, не туку претај ко рането маженце, туку сведни глава, ќути, и извини се кога граѓаните и целата платформа за родова еднаквост те искритикувала. Ако не иди си у ВМРО, Интегра или биди клисар.

Славчо Димитров, Фејсбук, 22.03.23.