Винтиџ играчки и дизајни

24.03.23 12:56

Писателка, уметница и самонаречена акумулаторка, Џејн Хушам постојано се навраќа на воодушевувачките радости од детството преку огромна колекција на пронајдени предмети. Налепници и пластични раце за кукли, остава со нерасиплива стока и менажерија со животни на тркала се дел од нејзината колекција. Прецизно категоризирани по боја, форма или тема, секоја композиција ги истакнува различните стилови, функции и контексти на сличните предмети и станува корисен и пристапен влез во историјата на дизајнот.

„Ако сум купила нов (за мене), мал предмет, тоа често ме поттикнува да ја разгледам категоријата на која припаѓа - новото мало морско коњче или радио, суптилно ќе го сменат претходно постоечкиот сет, а аранжманот е секогаш свеж во секој случај. Морските коњчињаи и радијата ми се особено омилени“, вели таа.

Извор: Colossal

ОкоБоли главаВицФото