Како што велиш

24.03.2023 20:06


еден авион приоѓа
можеби е воен со непријателски намери
можеби патнички со жени и деца
но едно можам да ти кажам
најмалку е веројатно дека е тоа детско летало или албатрос

можно е таа направа да те разнесе во парампарче
можно е ти да ја разнесеш во парампарче
можеби носи силен аксплозив
можеби беспомошни патници
не зборувај

ништо повеќе не можам да ти кажам што да правиш
јас сум само релативно комплициран систем
ако сум ти потребен
можам да решам квадратен корен од кој било број
или големина на агол

можам да ти понудам листа на твоите должности и мени
ако ти се потребни поделикатни одлуки
тогаш направи ги
ако тоа смеам да го кажам
не ми е грижа дали ќе бидам изненаден или растопен

всушност да сум програмиран да издавам наредби
што секако не сум
би ти рекол да го срушиш тој авион што приоѓа
подобро сигурен отколку жалостен
како што ти велиш

Превод: П. В.

Дејвид Џозеф Енрајт (D. J. Enright, 1920-2002) - британски писател, професор, поет, критичар... Магистрирал на Кембриџ и предавал на многу универзитети, странски и англиски. Работел и како уредник во издавачка куќа. Објавил повеќе од дваесет поетски книги, четири романи, книги за деца, критики, есеи, антологии, мемоари...

 

ОкоБоли главаВицФото