Пчелки и штркови

27.03.2023 08:09
Пчелки и штркови

Кога маж во своите доцни четириесетти не знае што е ПМС, кога маж во своите рани четириесетти не знае што е и кога се случува овулација, кога маж со завршено високо образование, на астал изјавува дека до забременување може да дојде по пат на анален секс, кога повеќето после сите одгледани порн-хаб туторијали, не знаат да го лоцираат клиторисот, а камо ли да знаат што понатаму со него, кога се скандализираат од барањата на нивните партнерки за посета на уролог, спермокултури и слично, кога им светнуваат очињата при поглед кон две жени, а палката им е зад грб спремна кога се во прашање двајца мажи, кога жените признаваат дека во живот не мастурбирале, кога признаваат дека не биле на гинеколог по 5-6-7 години, кога признаваат дека редовно фолираат оргазам по триминутниот интеркорс со ебачиштата за мир у куќа, тогаш знаете дека е време за фино, интелигентно сексуално образование, основно, средно, а бога ми и вечерњо!

Само така децата ќе бидат упатени, паметни, здрави, нема да билдаат хејт кон различните, ќе препознаваат предатори, ќе уживаат во животот понатаму и конечно, ќе станат бољи луѓе од оние гореспомнатите аналфабети...

Греота децата да останат неупатени, престрашени и инхибирани при грото вакви возрасни... Греота!

Јас сум ЗА воведување задолжително сексуално образование!

Та, образование е, по ѓаволите, не е иницијација у секта!

Без образование, ќе лутаат, ќе учат низ грешки, дел од кои со фатални последици...

Значи...

Љубов, здравје и орга... упс :)