Во провинција I (Нормандија)

27.03.2023 12:37

Тело на мртов пес лежи
Испружено на железничката пруга, фатено
Во челуста на со креда нумерираните прагови.

Колку повеќе гледаш, толку повеќе
Неговото крзно се меша со прашината, со чакалот помеѓу
островчињата свежа трева.

А тогаш, флеката на неговиот живот
конечно станува испрана.

 

Превод: П. В.

Durs Grünbein (1962 година, Дрезден) - германски поет, романсиер, есеист и преведувач. Накратко студирал театарски студии во Берлин и објавувал во разни списанија. Неговата прва збирка песни е објавена додека сè уште постоела ГДР, во 1988. По падот на Берлинскиот ѕид и повторното обединување на Германија во 1990 година, Грунбејн патувал низ Европа, Југоисточна Азија и држел предавања во САД.

Објавил десетина стихозбирки. Неговите дела се преведени на англиски, француски, шпански, италијански, руски, јапонски и други јазици. Живее во Берлин од 1985 година.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото