Во провинција II (во Готланд)

29.03.2023 10:55

Голи брда, едно полско патче и крај него
Зајчешка шепа во грмушка, ветрот ја спуштил

Од далеку тоа е сè што можеше да се види, брановидниот
Пејзаж фокусиран во окото на орелот,
Голи брда, едно полско патче и крај него
Зајчешка шепа во грмушка, ветрот ја спуштил,
Исчашен зглоб, во рака не би бил потежок од птиче
Кое уште топло скока од тавата,
Крвав како пленот на сивата птица грабливка врз трн на оскоруша,
Ковче обвиткано со парченце крзно.

Тоа е сè што останало од зајакот откако
Крилеста сенка го надлетала неговиот пат
Откако цик-цакот на неговиот трк бил отсечен со замав на канџи,
а плиткиот здив со добро насочениот клун. Оти оваа смрт
морала да биде неугодна - на зимското тло последно грчење.
Единствениот преживеан од колежот седи на гранка
И како подмитен сведок, на ништо не се сеќава.
Одамна исправената трева како да е загрижена
Дека може да се наѕре уште само
Таа зајачка шепа.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото