Во провинција III (Бохемија)

01.04.2023 20:23

Тишината околу мртвиот гулаб
Кај пченкарното поле е лажлива.
Под него се збираат инсекти, вооружените сили
Во црна униформа. Над него кружи јастреб
Пред да се сврти со склопени крилја.
Мравките, командоси во марш,
Копаат канал долж рбетот. Внатре, жиците ги вжештиле
Нервозните црви кои ги јадат цревата на тлото.
Од стомачното крзно летечките трговци (или се репортери)
Разнесуваат порака во сите четири ветра: Мрша! Мрша!
Само еден скакулец, оддалечен скок потаму
Чита писмо од облакот и тивко се сонча,
Филозоф стоик.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото