Во провинција IV (Кампања)

04.04.2023 09:29

Жаба во форма на крст
Лежи сплескана врз жешкиот макадам
На полуземјениот пат. Отворот на устата

Се извива кон небото. Осушена од сонцето
Од далеку личеше на чевла -
Амфибија од древната доба на земјата
Заглавила под тркала.

Нема воскресение, во форма на ларва
или муви кои утре ќе проврат.

Низ кој отвор липти сонот?

Превод: П. В.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото