Што е ИПАРД: запознајте се со мерките на програмата

05.04.2023 13:53
Што е ИПАРД: запознајте се со мерките на програмата

Мерките од програмата ИПАРД се повеќе стануваат актуелни во јавноста и меѓу бизнисмените. Но колку всушност сме запознати што точно претставува ИПАРД, кој може да ги користи овие средства и каква е процедурата да се инвестира со помош на овие грантови.

Она што најчесто се коментира кога ќе се спомне ИПАРД или било која поддршка од државата е, дека тешко се доаѓа до овие пари, односно паушални изјави кои најчесто се резултат на недоволна информираност или недоверба во институциите, оправдана или не.

Како и да е, точната информација во врска со програмата ИПАРД 2 е дека ние како држава сме лидери во искористеност на средствата и дека тие пари завршија во сериозни инвестиции и модернизација на производствтото. Имаме успешни примери со кои ова се потврдува.

Затоа, недовербата на страна и да одиме по ред што е она што прво и најважно треба да знаете за ИПАРД 3.


ИПАРД 3 се пари од ЕУ кои, преку неколку мерки се наменети најмногу и за инвестици во Рурални подрачја. Се работи за близу 100 милиони евра кои треба да се искористат следните 4 години. Според најавите оваа година треба да се распишат повици за 37 милиони евра.

Под Рурални подрачја се сите населени места до 30 000 жители. Што значи и помалите градови како Валандово, Ресен, Струга… Но ова важи само за апликанти и инвестици за МЕРКА 7. За аплицирање по другите мерки нема ограничувања, капацитетот може да се наоѓа во било кој регион.

Аплицирањето се врши преку Платежна агенција, која е еден вид банка на овие пари. Таму се потпишуваат договорите и се исплаќаат средствата.

Основно за сите е што прво треба да се инвестира па потоа да им се вратат средствата. До ИПАРД 2 беше целосната инвестиција да се заврши па да им се вратат парите. Сега со ИПАРД 3, тие што ќе потпишат договори со Платежната агенција, имаат право да добијат 30-50% авансно и да почнат со реализација.

Апликантите не смеат да почнат со инвестицијата се додека не потпишат договор со Платежна агенција.

Пред да се објави повикот има подготвителен период од еден месец кој го најавува Платежната агенција.

Потоа најчесто трае 40 дена но се продолжува секогаш уште две недели.

Во текот на периодот предвиден за реализација на целокупната програма ( 2021-2027) Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој ( која всушност управува со парите од ИПАРД фондовите) распишува Јавни повици по конкретно определени мерки . Во моментот комплетно акредитирани и потпишани се три мерки и тоа:

Мерка 1: ИНВЕСТИЦИИ ВО МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА
Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ФИЗИЧКИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И РИБИНИТЕ ПРОИЗВОДИ
Мерка 7: ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА ФАРМИТЕ И РАЗВОЈ НА БИЗНИСИ
КОРИСНИЦИ на средставата од ИПАРД фондовите можат да бидат

1.Земјоделско стопанство
Физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство);
Индивидуален земјоделец – ИЗ;
Правно лице.
Задруги
Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 мил. €) ( важи исклучиво за мерка III)
Правни лица (микро и мали претпријатија);( важи за мерка 7)
Физички лица со место на живеење во рурални средини или намера да започнат бизнис во рурална средина
Висината на финасиската поддршка за која може да аплицира еден апликант изнесува од 50% -70% од висината на планираната инвестиција ( во зависнот од Мерката ).

Висината на инвестицијата за која аплицира апликантот исто така зависи од мерката но се движи од минимум 10.000 евра до максимум 1.000.000 евра ( овај интервал важи за сите мерки со одредени отстапки во одредени случаи).

ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ

МЕРКА 1 И МЕРКА 3

Конструкција/реконструкција на објекти за производство или помошни објекти;

Конструкција/реконструкција на објекти кои се користат за пост-бербени активности и преработка на земјоделски производи;

Набавка на повеќегодишни растенија;

Набавка на нови машини и опрема;

Објекти и опрема за наводнување;

Набавка на специјализирани транспортни приколки;

Инфраструктура на земјоделско стопанство.

Преработка на млеко и млечни производи;

Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);

Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури);

Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;

Растителни и животински масти и масла;

Шира, вино и оцет;

Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

Инвестиции во згради/опрема со цел подобрување на енергетскатата ефикасност;

Инвестиции во згради/опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производи (суровини), како и преработка на примарна и секундарна биомаса од животни и растенија;

Инвестиции во згради/опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија со цел задоволување на сопстевните потреби за енергија;

Инвестиции за згради/опрема за третман на вода/отпадна вода.

МЕРКА 7 ( ИНВЕСТИЦИЈАТА МОРА ДА БИДЕ РЕЛИЗИРАНА ВО РУРАЛНА СРЕДИНА)

Инвестиции во алтернативно земјоделско производство

• Одгледување на печурки и тартуфи;

• Хортикултура (расадници и одгледување на цвеќе и цветни папки, украсни растенија, дрва);

• Производство на семенски и саден материјал;

• Одгледување на зајаци;

• Одгледување на полжави;

• Одгледување на птици за јајца и месо – патки, гуски, мисирки, тетреби, ноеви, емуа и бисерки;

• Одгледување на дивеч;

• Пчеларство;

• Одгледување на билки, семиња, и други зачински и ароматични растенија;

• Насади на дрвја (брзо растечки) за дрвена граѓа и био-маса;

• Рибници за производство на слатководна риба.
Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци

• Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;

• Колачи, тестенини и пекарски производи;

• Чај и билни екстракти;

• Зачини и билки;

• Слатководна риба, ракови и мекотели и

• Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за фунционирањето на ЕУ

Инвестиции во производство на не-прехрамбени производи

4. Инвестиции во занаетчиски дејности. Сите дејности пропишани со „Правилник за измена на Правилникот за определување на дејностите кои можат да ги вршат занаетчиите “Службен весник на Република Македонија бр 44/09” 6

5. Инвестиции во обезбедување на услуги во земјоделството

• Воспоставување и унапредување на ветеринарните служби;

• Воспоставување и реновирање на работилници за одржување и поправка на земјоделска механизација, машини и опрема;

• Воспоставување на услуги за изнајмување на земјоделска механизација и машини (машински прстени)

6. Инвестиции во услуги за руралното население

• Услуги за поправка и одржување;

• Услуги за теренско (пејсажно) уредување;

• Услуги за грижа на домашни миленичиња;

• Услуги за престој и нега (домови за стари лица, за рехабилитација, итн);

• Услуги за дневно згрижување на деца;

• Обука и образовни центри за било која професија, хоби или целна самонадградба, спорт и рекреација, услуги за поддршка на образование, информатички центри;

• Кино, локална радиодифузија, локална телевизија.

7. Инвестиции во рурален туризам

• Туристичко сместување во внатрешен простор (соби, апартмани, ноќевање и појадок, само-угостителски колиби)

• Туристичко сместување на отворено (кампови, бунгалови, камп-приколки

• Угостителска дејност (готвење и служење на храна)

• Комбинирани услуги – сместување и угостителски услуги

• Обезбедување на простории за дегустација/продажба за директен маркетинг на производите;

• Рурални музеи (згради и изложбени предмети за разгледување на историски, природни, традиционални, образовни, земјоделски и други добра од руралните средини, како и ботанички и зоолошки градини);

• Обезбедување на простории за семинари и обуки, едукативни фарми;

• Обезбедување на рекреативни активности за туристите.


8, Производство и продажба на енергија од обновливи извори

Производство и продажба на обновлива енергија, вклучувајќи

– преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса, освен
биомаса од рибни производи;

– преработка на земјоделски производи за производство на биогориво;

– преработка на шумска биомаса;

– производство на енергија од обновливи извори (сонце и ветер).

Градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности;

Набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност;

Набавка на наменски транспортни резервари и приколки;

Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум);

Набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;

Инфраструктурно уредување.

Сите овие информации се водат како основни за секој апликант но со оглед дека секоја инвестиција си има свои специфики, како и секој апликант, консултантите од Агротим ви стојат на располагање за дополнителни информации како и изготвување на апликации.

Нив можете да ги контактирате на следните телфонски броеви: 070/267 789, 071/285 385 и 071 /381 453. или на info@agrotim.mk.

извор: agrotim.mk

ОкоБоли главаВицФото