Во провинција V (во близина на Аквинциум)

06.04.2023 10:52

Како да е прегазен со кочија на доселеници во бегство
Мртов кос лежи на римскиот пат, во парченца.

Оној кој отсекогаш бил овде, и никогаш не заминал.
Ветрот направил едра од перјето на птицата.

И така можеше да забележиш како е оставен отстрана
Пред полудените хорди, врз тлото срушениот брат.
Било од Дакарците, Хуните, монголските коњи,
Тој отсекогаш бил одвлекуван од близината на своето гнездо.

И тоа беше тоа. Без долготрајните смртни агонии.
Кутриот принц уште само може да се спростре врз тлото.

Тогаш врз правливиот камен, денес врз мокриот асфалт.
Луѓето отсекогаш мигрирале, и нивните патишта секогаш биле под закана.

 

Превод: П. В.

Durs Grünbein (1962 година, Дрезден) - германски поет, романсиер, есеист и преведувач.
Накратко студирал театарски студии во Берлин и објавувал во разни списанија.
Неговата прва збирка песни е објавена додека сè уште постоела ГДР, во 1988.
По падот на Берлинскиот ѕид и повторното обединување на Германија во 1990 година, Грунбејн патувал низ Европа, Југоисточна Азија и држел предавања во САД.
Објавил десетина стихозбирки. Неговите дела се преведени на англиски, француски, шпански, италијански, руски, јапонски и други јазици. Живее во Берлин од 1985 година.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото