Уметникот Конгки го толкува древниот кинески поет Ќи Јуан

07.04.23 11:17

Приказната за легендарниот кинески поет Ќу Јуен завршува трагично. Живеејќи за време на деструктивниот период на завојувани страни кој траел од 481 до 221 п.н.е., Ќу Јуен важел за влијателен писател и политичар, кој бил протеран од кралот Хуаи на династијата Чу и последователно, поминал голем дел од својот живот патувајќи низ земјата работејќи на своите стихови. Сепак, животот во егзил не му годел на поетот што предизвикало состојба на длабока тага и конечно го довел до самоубиство давејќи се во реката Милуо. Годишниот Фестивал на бродот - змеј е создаден како „потрага“ за наоѓање и извлекување на телото на Ќу Јуен. Таа традиција продолжува до ден денес како начин на кој се слави неговото наследство.Претстојната изложба во Рајтвуд 659 во Чикаго на кинескиот аниматор и уметник од Лондон, Конг Конг - Чанг, познат како Конгки, го замислува задгробниот живот на поетот „како патување на неговата душа од древното кралство Чу во ретро-футуристичка Азија, каде што тој повторно се раѓа како андроид во психоделичен киберпанк пејзаж“. Соединувајќи ја историјата со препознатливата научно-фантастична визија „Конгки: Завојуваните држави на киберпанкот“ прикажува дела во неколку медиуми од уметникот. Користејќи видеа, проекции, инсталации, антички предмети и графички парчиња, уметникот го истражува азискиот футуризам преку енергичната и луминозно изведена нарација на кинеската икона.
Како продолжение на серијалот на стрипот „Конгки“ создаден во 2013 година, шоуто ги разгледува егзистенцијалните прашања на бесмртноста: како комуницираат телото и душата, како и кревкиот однос помеѓу хомо сапиенсот и машината. Смелите, живи, заситени бои ја нагласуваат улогата на дигиталното во визионерското подрачје, додека планинските венци, облаците и огромното ѕвездено небо вклучуваат класични мотиви, кои влечат инспирација од природата и се мотиви кои се провлекуваат низ милениумите. Разбрануваната и немирна река е истакната на видни места во просторот која се однесуваат на давењето на Ќи Јуен во 278 пр.н.е..
Иако се засновани на живот со неизмерно страдање, делата на Конгки се оптимистични бидејќи тој замислува универзум каде што се можни и покајувањето и помирувањето. Уметникот во својата изјава споделува:

„Се запрашав што би се случило кога душата би се појавила после 2.000 години поминати под вода - дали е во потрага по нешто ново? Дали се враќа на места кои ги знае? Поезијата на Ќи Јуен има психоделичен, талкачки квалитет што се обидов да го рефлектирам во мојата уметност, но исто така сакав тој да ја одрази дезориентираноста но и надежта на нашата ера.“

По неговото деби во САД во Азискиот уметнички музеј во Сан Франциско, , „Конгки: Завојуваните држави на киберпанкот“ се отвора во Чикаго на 14 април и ќе може да се посети до 15 јули. Видете повеќе од уметникот на неговиот Инстаграм.

Слични содржини

Фотографија / Живот / Култура / Уметност / Око
Фотографија / Култура / Уметност / Настан / Око
Култура / Уметност / Око
Стрип / Култура / Уметност / Око
Стрип / Култура / Уметност / Око
Култура / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото