1022 hPa
81 %
6 °C
Скопје - Чет, 14.11.2024 03:59
Споменикот на Ќосето поставен пред судската палата беше еден од симболите на колачката политика и тефтер судиите на која се потпираше режимот на Груевски. Јасна беше тогаш пораката на Груевски со Ќосето пред судот – или си со мене или си под ножот на Организацијата.
Дојде Шилегов и во 2018 година му ги мавна клоците. „Споменикот на Андон Лазов Ќосето беше дивоградба и затоа Град Скопје го отстрани, а на негово место ќе засадиме дрво на човекови права“, кажа тогаш градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Дојдоа сега вмровците со Данела и Левица и еве ги пак се истепаа да го рехабилитираат споменикот на колачот.
Од Општина Центар велат дека е пристигнато Барање испратено од Град Скопје за добивање согласност за отпочнување на законска постапка согласно која би отпочнала процедура за враќање на спомен обележјето на истата локација, на крстосницата помеѓу булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“.
Данела бара да се врати на старото место, Левица предлага да го истопорат Ќосето во Општина Аеродром.
Советот на Општина Аеродром со мнозинство гласови ја усвои иницијативата на советничката група на партијата Левица споменикот на Ќосето да се постави на територија на општината, во паркот во Горно Лисиче.
По сè што гледаме, иако на прв поглед целта им е заедничка, за очекување е ќосињата од ДМПНЕ и Левица да се клоцаат меѓусебно.
Апасиев на неколку пати гордо порачува дека неговата Левица била левото крило на Организацијата. Тоа го потенцира Левица уште еднаш со најпресната објава на официјалната страница на Фејсбук, во која велат: „Ликот и делото на Андон Лазов Јанев припаѓа на левото крило на организацијата…“.
Очигледно е дека оваа порака е упатена кон ВМРО-ДПМНЕ и нивните гласачи, на кои Левица си се надева на наредните избори. Шамарењето помеѓу Левица и ДМПНЕ за вмровскиот престол, почна со Ќосето.
Многу интересна, драги мои, ќе е битката за тоа кој е поголемо ќосе, или кој е наследник на ќосевото ВМРО, Левица или ВМРО-ДПМНЕ.
Ова некако „многу случајно“ се совпадна и со укинувањето на првостепената пресуда за случајот Организатори на 27 Април, од страна на јадна Апелација која предметот го врати на повторно судење. Или – модерните ќосиња, олицетворени во организаторите на крвавиот 27 Април, судот ги ослободи од обвинение.
Многу ќосеви случајности за кратко време.
Слики: Свирачиња
Извор: frontline.mk