Рекордна посетеност на „Авицена женска трка“

10.04.23 09:28

На годинешното издание на „Авицена женска трка“ се натпреваруваа 3000 учеснички, кои ја истрчаа патеката од три километри, со старт кај фонтаната Лотос на Илинденска улица, во Скопје. Ова е најмасовната трка во досегашните единаесет изданија. Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје рече дека не само што е среќна поради масовноста туку има и желба масовноста да расте во наредните изданија: „Ги поканувам сите заинтересирани да се пријават и земат учество на трките во наредниот период, а секако ги чекаме заинтересираните и наредната година, на 12-то издание на Авицена Женска трка“, изјави таа.

Биљана Кираџиева ја помина патеката со 10 минути и 56 секунди и со тоа ја доби победничката титула. Рената Соколовска истрча за 11 минути и 20 секунди, додека Фросина Михајловска за 11 минути и 30 секунди, и со тоа ги заземаа второто односно третото место.

За тие титули трчаа жени без возрасни ограничувања, па така беа доделени признанија во седум возрасни категории.

„Женска трка“ беше во соработка со Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. “Посебно задоволство ни претставува што оваа година учество зедоа и жени кои боледуваат од мултипла склероза и на тој начин докажаа дека покрај хроничната и макотрпна болест со која се соочуваат секој ден, достоинствено беа рамо до рамо со голем број наши соработници, искусни маратонци, познати и помалку познати лица и дадоа несебична поддршка во зголемувањето на општата свест за МС. На овој начин ги охрабрија сите лица со МС да бидат активни и докажаа дека се повеќе од МС, соопштија од Националното здружение.“

Погледнете ја галеријата на слики на Небојша Гелевски - Бане, од настанот.

фотографии:  Небојша Гелевски - Бане

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото