Дијалози (1)

10.04.2023 10:11
Дијалози (1)

‒ Што си, бе, ти?

‒ Ништо, никој и ништо.

‒ Прашав – што си, полжаву низаеден!

‒ Ништо. Обично, никакво ништо!...

‒ Што е, како да ми се двоумиш, некако, а?

‒ Никако... Господарке!

‒ Хмм... Добро, робу. Добро, полжаву!

‒ Да!

‒ О, да!...

‒ А-а, ах...

‒ Боли? Боли, боли... Сакаш да боли! Нели? Што си ти сега?

‒ Благодарен...

‒ Што?

‒ Благодарен!

‒ Добро кученце, добро...

‒ Фала ви, господарке!...

‒ Доста! На колена!

‒ Оф!...

‒ Така, така... Земи ја... Полека! Полжаву еден! Лижи го ѓонот. Чисти ја кожата со јазикот, само тоа и заслужуваш ти...

‒ Ах, ооо...

‒ Тргни ја раката. Реков, тргни ја! Уште не, кога ќе речам јас...

‒ Да...

‒ Не!

‒ А!... А-а, ах...

‒ Чиј си?

‒ Твој, само—

‒ Што?

‒ Ваш!

‒ Така...

‒ Само ваш.

‒ Долу! Лицето на земја! Ако не ми се допадне, ќе те згазам, да знаеш! Ќе те здробам! Има да те смачкам како некоја бубалка... Ах, гнидо една... Полжаву... Безвреден, гнасен, мал роб си ти!...

‒ Фала... Фала...

‒ Ќе ти седнам на лицето кога ќе посакам. Не туку се допирај! Ќе правиш само тоа што ќе речам јас! Разбра?!

‒ Да!...

‒ Ќе разбереш... Ќе разбереш, инаку... Куче, пес недоквакан!...

‒ Да.

‒ Знаеш која сум јас? Знаеш?? Што сакам можам да правам со тебе, еј!... Лај! Лај, кога ќе ти речам!

‒ А-?... Ав... Ав?... Ав!...

‒ Таааа-ка... Благодарен, никаков, закржлавен безрбетник... Гнасен и мал!...

‒ Да, да!

‒ Тргни ми го од ногава, бедо! Види се на што личиш, господе златен!... Црв, црв најобичен! Сакаш да видиш каква сум јас? А??? Да видиш, каква е твојата господарка?

‒ Ох, те... Ве молам... Ве мол—

‒ Ќе ме молиш, ќе ме молиш... Робу, вреќо месо... Што е ова? Што е?!

‒ Извинете, господарке!...

‒ Бакни го! Лижи! Стави го в уста одма!... Што рече? Ќе молиш, ќе молиш... Не смееш ни да дишеш ако ти забранам, бре!

‒ -ара...

‒ Што, што?... Што рече, полжавче?...

‒ -клара!...

‒ Ајде, плукни го веќе!

‒ Стаклара! Ста – кла – ра!!!

‒ Како?!... Ох, тоа беше, ова... Тоа беше, не?...

‒ Тоа беше шифрата, аман!

‒ Извини...

‒ Што – извини, веќе... Претера, ма!

‒ Извини. Се занесов... Малку—

‒ Малку?! Па, ти си скроз ненормална, мори! Што туку се смешкаш?

‒ Извини...

‒ Лудачка! Бегај... Бегај, аман, тргни ми се од пред очи!
‒ Ама, чекај... Те молам, извини, еј...

‒ Е, извини, извини сега... Што е ова? Се договоривме...

‒ Извини, знам, пак се... Само малку—

‒ Да, да, малку, жими ова!... Бегај, влегувам да се туширам прв.

‒ Извини...

‒ Ако се тушираш и ти после, пази кога ќе се облекуваш. Не туку тропај, да не ме разбудиш. Се разбравме?

‒ Се разбравме.

‒ Ајде, облечи се. Не е веќе топло, ќе настинеш.

‒ Добро. Сега, еве... Одма.


* * *

‒ Како ти е во стан? Дише ли се?

‒ Да, о-кеј е, со спуштени ролетни ова време, не е лошо...

‒ И ми, да, исто така! Вчера излажа се, дигна ги пред осум и пол, а тоа уште пекол, знаеш ли? Е-е-е... Пекол! Ама, идеално е, не? Зимо скриено, па не дува ветер, а лете е свежо, зашто... Нели, север!

‒ Да, добро е. Добро е... Вие дома како сте?

‒ Ето, нема одмор. Видиш, видиш и сам...

‒ Е... Внуците?

‒ Добри су, да су здрави и живи.

‒ Така. Ако...

‒ Има ли некој проблем со стан? Со станари? У зграда?

‒ Не-е-е... Не. Никако тоа.

‒ Слушај, сакаше да те прашам. Нели, една година помина си, ево; така?

‒ Да, да... Една цела.

‒ Па, нели – сакаше да знам дали планираш да остануеш или не, добро ли ти е? Стан е добар, нели? Знам, да... Знаеш, каков ти е план?

‒ Па, засега, непроменет. Тука сум. Ако, нешто, ќе ви кажам два месеца однапред, како што се договоривме...

‒ Да, да... Е, па, добро. Мило ми е што ти убаво!

‒ Да... Добро е.

‒ Знаеш, тој стан, откад сум го купил, не сме седеле у него. Купи га за татка ми, ама само што ги залепивме тапети, он... Ете, случи се што се случи, фати се, па не можеше сам да га оставам. Е-е-е, тоа е било пред едно деветнаес’ године... Одма сме го изнајмиле на тој... Доктор. Негова жена се е разболела од рак, па он продал све за лечење, имаја убав стан, и авто, и све, ама – џабе... Остана си сам, сирот, со две девојчики – тогаш биле су уште у основно – а и он, вака како тебе! Точно на први кирија!... Златан човек беше. Не знам што го снајде. Ама, снајде га... Да, да... Девојчиња се одадоа, уствари едната само... Другата замина, ваљда на студии, па он остана сам. Не знаесмо, не знаевме ништо... Што ли га натера да почне да се занимава со педофилија...

‒ Со?...

‒ Да, да... Со педофилија! Носел е тамо, не знам... Кажуваа ни после, не ни се верувало, еј...

‒ Страшно...

‒ А, таа по него – две години е седела – ич не е чистила... Леле! Еднаш појде и си дојде дома, па одма ѝ се јави да си иде.

‒ До толку?

‒ Жал ме беше – немала кај да живи, ама жал-нежал, не се може така, нели? Па, треба т’ј стан да остане, морам да мислам и на њима; на нив, нели?

‒ Ами, да. Така, де! Кај се живеело така, ко во свињарник?...

‒ Виде како е... Тоа во када е од нејзе – не се чисти више. Тој не е од прљаво, ама не искача, траги су останале.

‒ А, да. А, баш мислев—

‒ Све е тоа од негрижа! Ама, не може така!... Нели?

‒ Не, не.

‒ А, со доктор, допрв’ на суд! Ќе се видимо, само да искочи за тоа... Прљаво, прљаво...

‒ А, значи, не е решено уште?...

‒ Ма, не! Како решено... Ќе види он допрв!

‒ Фала на кафето, добро ми дојде.

‒ На здравје, да си изволиш кога можеш.

‒ Да, фала. Ќе одам, имам нешто малку работа...

‒ Е, а, што ќе ти велев – за стан, не е доволно.

‒ Како?

‒ Кирија... Ќе мора малце повише.

‒ Колку?

‒ Сто.

‒ Ух... Сто..... Не, не... Не можам тоа. Не сега.

‒ Размисли си. Со тој би сметки да ги плаќаме ние. Размисли.

‒ Добро... Добро, ќе морам тогаш да се селам за два месеца, не можам сега, стварно...

‒ А, па... Ќе видимо, ќе се слушнемо, нели, оди размисли си, да не брзамо.

‒ Не, фала ви на разбирањето, ама нема што да се мисли. За два месеца. Тоа е...

‒ Ајде, жена ми е на пут с’га. Ќе видимо... Ќе се слушнемо кога ќе се врати, важи?

‒ Добро. Само, кажете со време. Мислам, нема проблем... Ве разбирам и јас. Ќе се слушнеме секако.

‒ Ајде, ајде, немај гајле. Здравје! Чуемо се.

‒ Пријатно, сè најдобро.

‒ Поздрави си дома.

‒ Фала.

                                   

                                       * * *

 

‒ Господару… Господару-у-у?... Ју-ху! Господару... Еве... Еве го ручекот, гоподару... Да не сте подзаспале малце? Госп—

‒ Аман, бре! Стопати ти реков да не ме викаш веќе така!

‒ Извинете! Извинете, госп–рофесоре, извинете ептен...

‒ П! П!! П!!!... Про-фе-со-ре! Професоре!!! Толку ли е тешко да се запомни, макар и за тебе?!

‒ Не, не... Еве го ручекот... А-а-а... професоре. Повелете, професоре!...

‒ Како што ти реков?

‒ Баш како што сте ми рекле.

‒ Да видам... Да, да... Да, не мириса најлошо. А убаво ли е?

‒ Па... Не знам.

‒ Како – не знаеш?!

‒ Па, не ми се јаде нешто...

‒ Ха, ха, ха!... И ти си ми бил некој помошник!

‒ Зошто?

‒ Како, зошто? Не ти се чини дека во суштината на еден помошник е да помага, барем по малку?!

‒ Да... Да, навистина!

‒ Е, па?

‒ Па... Па... Изгледа е до... Како го викаш?... Речи го, леле... До кортексот!

‒ До што?

‒ До кортексот, господару... Мислам, професоре мој!

‒ Сега, пак, ич не те разбирам...

‒ Ко бев мал имав едно милениче-пајак... И не беше баш некој миленик, ами си беше само тоа – пајак... Го викав Стојче оти само си стоеше в место, во едно ќоше, горе на ѕидот.

‒ И?...

‒ И, тоа – во тој кортекс беше никаков миленик, ама како обичен куќен пајак си беше сосем нормален: пајажинчето му беше полно мушички редовно, а и самиот беше некако дебеличок, иако мал, неподвижен и... И... Така, општо никаков...

‒ Во право си... Ха, ха! Дефинитивно ќе да е до контекстот.

‒ Така, де... Да... Што реков јас?

‒ Туку, ај ти што си за никаде со тој твој Стојко...

‒ Стојче. Стојче... Мајка ми после ми рече дека заминал дома кај семејството, ама мислам дека само го имаше собрано со метлата, да ви кажам право...

‒ Сеедно, бре... Ај ти што си... Каков што си; ама мене што ми е?... Ох, проклети и долни навики, не требаше воопшто да заминуваме од последното гратче!

‒ Ама, ама, проф— Господару!... Мислам, професоре! А луѓето со вилите, секирите и со факелите?

‒ Факлите! Множина од факел е факли, кретену низаеден!

‒ Извинете, извинете... А тие со... Тие?

‒ Да, веројатно си во право, понекогаш, и ти...

‒ Вашиот... Експеримент – прво им ги смота кокошките и козите, а после почна да им снемува и по некое – само ваму-таму, не многу, заправо – од дечињата... Мислам дека тоа ги изнервира малку...

‒ Па, добро, што сум јас, ако не научник, а?! А што му е најсвета и најсветла задача – не! – должност, на научникот, ако не да се бори против најтивкиот и најкобниот непријател на човекот?!

‒ А-а-а... Козите и кокошките, господару?...

‒ Смртта, идиоте!

‒ Да, да, да... Извинете, заборавам, професоре! Смртта, да... И тоа е. И тоа е до кортексот. И вие како Стојче мој, господару—

‒ Еј, или извади го тој Стојче од устата, или ќе ти го начукам в грло и на клоци ќе те избркам од лабораторијава!

‒ Не, јас само—

‒ И прекини еднаш да ме викаш господару!!!

‒ Извинете... Извинете...

‒ Сакам да речам, и вие... И вие сте, веројатно, различен во различен кортекс... Да, за нив, кај и да одиме, сега сте лош и никаков, безбожен и развратен, и мизерен и...

‒ Добро, добро, доволно...

‒ ...непрокопсан... Мислам, да... Во тој кортекс... Ама, замислете, еден ден ќе ви се крстат над името, кога вашите чудовишта... Експерименти, експерименти, де!... Ќе им ги вршат гнасните и... И... И тешките работи. А тие ќе живеат до бескрај без ниедна мака, само и само благодарение на вас!...

‒ Знаеш, не си толку дебилен колку што звучиш... А и не си лош готвач. Ммм, воопшто! Ова не е ужасно.

‒ Ви велам, гоподару, до кортексот... До кортексот е!...

‒ Еј, ама ајде сега, не претерувај. Излегувај и остави ме да се најадам на мира, не туку ми се лигави над лебот... И донеси ми за вечерва нешто помускулесто! Завчера ми донесе две леви раце, ако ти се повтори тоа уште еднаш, тебе ќе те искористам за делови. Разбра?

‒ Трчам, господару!... Аууу-у!!! Не по глава, ве молам!... Професоре, професоре!...


Коста Бојчески (1989) е автор на триптихот Сварог (2016) – во потесен избор за Новите 2013 – и преведувач на Портрет на уметникот како млад пес од Дилан Томас (2016). Дел од неговите песни се застапени во антологијата Лирски додекамерон (2012), а многу други се објавувани по книжевните списанија („Книжевно житие“, „Акт“, „Стожер“, „Стремеж“...).

Илустрации: Фелисија Чиао

 

ОкоБоли главаВицФото