Два пати неделно пред пролет да почне

10.04.2023 10:48

Два пати неделно пред пролет да почне
застанував овде и бранев на голов:
фудбалот, за душата на младото момче,
значеше битка со болот.
Зад викетот, денес, секој мајски викенд,
со коскобран и палка сум веќе:
о, глеј го синот на болки: на крикет
пробува да биде среќен.
И ќе пробувам уште; од тоа штета нема:
да се чуди човек колку малку смеа
ги држи коските на луѓето над земја
наместо под неа.


Препев: Виктор Јованоски

Алфред Едуард Хаусман (Alfred Edward Housman, 1859-1936) или, како што е попознат, А. Е. Хаусман, е англиски научник и поет, професор по латински и преведувач.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото