Отворена средба за вклучување на уметничката и локалната заедницата во КСП Центар Јадро

11.04.2023 14:12
Отворена средба за вклучување на уметничката и локалната заедницата во КСП Центар Јадро

Во склоп на долгорочниот проект Arts Hub, Ве покануваме на 11 април (вторник) во 19:00 часот да ни се придружите на првата Отворена средба за вклучување на уметничката и локалната заедницата.

Идејата на овие отворени средби е поттикнување на дискусија и размена на идеи со заедницата со цел идентификување на локалните проблеми и потреби.

На отворената средба е поканет секој кој сака да се вклучи во продуктивен дијалог кој ќе води кон нови и свежи решенија/идеи за уметнички интервенции, за можни акции и ќе иницира нови соработки и партнерства помеѓу уметниците од независната сцена и граѓаните.

Преку оваа активност се надеваме дека ќе обезбедиме учество на заедницата и пошироката публика во сите фази на проектот Arts Hub кој што го развиваме со поддршка на Фондација Отворено општество - Македонија, 2023/24 година.

Со организирање на овие отворени средби, проектот се стреми кон напуштање на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти и се фокусира на активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, како и активно вклучување на граѓаните и публиката.

Проектот Arts Hub е место за спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците и сите оние што се заинтересирани ќе можат да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини.
Главна цел на проектот е да се мотивираат уметниците кои што работат во различни уметнички дисциплини да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност, специфичните форми на театар, аудио продукцијата и аудио подкаст, фотографија и видео и како и тоа да се поттикнат, користејќи го стекнатото искуство низ едукативниот процес да создадат свои партиципативни проекти преку кои ќе имаат импакт во заедницата и ќе делуваат во подигање на свеста за разни социјални и политички теми и проблеми.

Слични содржини

Општество / Активизам / Култура / Уметност
Општество / Активизам / Култура / Уметност / Настан
Општество / Активизам / Стрип / Култура / Уметност
Општество / Култура / Настан / Око
Општество / Активизам / Стрип / Култура / Уметност

ОкоБоли главаВицФото