25.713 км2. Ова е сè за кое треба да се грижиме.

12.04.2023 10:14

Околу 25.713 км2 површина која ја нарекуваме Македонија - земјата каде живееме.

Со околу 40-тина планини, 24 котлини, 1600 реки и водотеци, (едвај) 3 природни тектонски езера, 4 национални парка, 1 вид рис, илјадници ретки, загрозени и важни видови растенија, габи и животни. Кањони, клисури, суводолици, ридови, чуки, ували, вртачи, сипари, пештери и јами. Шуми, ливади, полиња, пасишта, оризишта, овоштарници и ниви. Локви, бари, тресети, мочуришта и блата.

Мутаво мал дел од Земјината кора за кој треба да се грижиме. Тоа значи да не го: палиме, копаме, бушиме, загадуваме, сечеме, уништуваме, продаваме, раздаваме, злоупотребуваме, ебаваме.

Да не го даваме на криминалци, шверцери, дилери, курајбери, шалабајзери, терористи, министри со тупе и белосветски клошари.

Да ви се намочам на недомаќините, што не знаете грст земја да чувате! (Убаво го срочил ова Przo војвода.)

Ирена Ристиќ, Фејсбук, 09.04.23.