1025 hPa
62 %
10 °C
Скопје - Вто, 12.11.2024 14:56
Глинените ликови на Аман Кана, кои се умно обмислени, зрачат со универзални изрази на нежност и емоции.
Фигурините се апстрактни лица направени од глина кои прикажуваат различни емоции.
Аман Кана од Њу Делхи, кој има професионална позадина во графички дизајн и илустрации отсекогаш бил вешт во изразувањето на човечките емоции и искуства во неговите чудни и игриви ликови. Со текот на времето тој копнеел да изгради нешто со своите раце кое е тродимензионално, како начин да го надополни неговиот претежно дигитален дводимензионален процес што подразбира работа со графички дизајн. Можноста да се истражи оваа нова насока се појави кога тој присуствуваше на Академијата Пиктоплазма во 2013 година, која е годишна конференција за ликовна уметност во Берлин.
Кана по прв пат експериментирал со обликување на глина додека се подготвувал за групното шоу „Пиктоплазма“ после кое никогаш се осврна назад. „Почнав да создавам мали скулптури од глина кои беа инспирирани од човечките чувства, емоции и интеракции“, вели тој, споделувајќи дека ужива да работи со материјалот поради неговата древна историја и поврзаноста со земјата. „Фактот дека може да се обликува во каква било форма ми е фасцинантен“.
Фигурините, кои тој ги нарекува Глиненковци(Claymen), прикажуваат спектар на изрази инспирирани од замрсеноста на човековата состојба. Некои прикажуваат нозе и раце или учествуваат во активности како нуркање и релаксирање со пријателите, додека на други, поедноставените лица во облик на диск прикажуваат низа чувства. „Емоциите евоцирани преку нашите постапки, реакции, но и начинот на кој комуницираме еден со друг ме наведоа да разберам колку сме кревки“, вели тој, „и сметам дека глината ми дозволува да ја искомуницирам таа кршливост“.
„Овие предмети додаваат естетика со тоа што ја изземаат. Тие едноставно се она што се: славење на стил кој живее во мир со своите мали несовршености. Некои од нив се функционални, рачно изработени и изградени за да бидат употребени. Некои ја инкарнираат дисфункционалноста својствена на општеството со навестување на кревкоста на човечката состојба во поопшта смисла. Овие глинени фигури произлегуваат од внимателно набљудување на обичниот човек и неговите дилеми. Тие се мирни, контемплативни и тивки. Додека минуваат низ сопствените егзистенцијални кризи, тие се обични сведоци на фактот дека „Човекот ја губи својата хуманост и станува предмет меѓу предметите кои ги произведува“.
Кана работи заедно со тим од 15 асистенти во студиото Глиненковци (Claymen), а повеќе од неговите дела можете да најдете на неговата веб-страница и на Инстаграм.