Како тргнало едино чаре ни е војводата Леонидас* гевгелиски да го воскреснеме

12.04.2023 14:47
Како тргнало едино чаре ни е  војводата Леонидас* гевгелиски да го воскреснеме

Стани Леониде стани идат зулумќарите пак се́ ќе ни земат ... викаше баба Елефтерија тоа утро пролетта 1902 во селото Манчуково, (денес во Р. Грција).

Денес 121 година потоа сме на слично дереџе. Ова градењево на коридорите 8 и 10 ми е страв да не стане како една од сцените од филмот Време Чуда кога попот не му ја отвора вратата од Манастрот на ликот УДБА-ш и овој со Џип вика у име народа Рааазваљуј! – и со џипот ја крши вратата од манастирот и ако ме служи памтењето внатре начекуе 5-6 кокошки и едно јаре така нешто.

Да се прави експропријација (одземање) земја и имот по кратка постапка на трасата патиштата тоа значи ние ќе ти земеме имотот(земја, шума што да е ) па ти после жали се 100 години по судови и давај пари и то у држава со 4% доверба у правосуден систем. Така последно колку што знам ја правеа османлиите пругата 1870-те години.
Работниците да можат/мораат да работат колку што ќе им се присака на газдите, притоа ускратувајќи ги елементарните работнички права. Ни у Српско не било така. Ако ништо друго „Радник је могао да се жали краљу лично“ у случају непоштовања његових права.

Да се иде преку биодиверзитетно и еколошки заштитени подрачја без студии и истражувања у држава у која екосистемот крахира по сите линии (празни девастирани шуми, истребен полезен дивеч, загадени празни реки и езера) е потенцијален екоцид а не развој.

Да се гради врз археолошки и културни добра без заштитни истражувања (за ова среќа се побунија археолозите па ќе видиме што ќе излезе). Абе може гробот на Аце е меѓу Прилеп и Битола и ќе го асфалтираме ли со сето злато внатре? Или златото ќе го земеме керамитките ќе ги фрлиме? или можда има нешто друго не занеме дур не видиме а за да видиме мора да истражиме.

Тоа тендери, мендери, надзори, гаќи и да не спомињаме пошто биле брзи или спори секако се штелувани.
Ја незнам што стана работава 2 напред 3 назад, експропријација, национализација, експерсна постапка, кадија те тужи кадија те суди... прво скокни па кажи оп, двапати мери еднаш сечи, размисли пред да почнеш да правиш нешто.

Обичниот човек никогаш не бил помал одошто е сега а неговиот глас помалку слушнат. Како тргнало едино чаре ни е војводата Леонидас гевгелиски да го воскреснеме да го штити народот.

---

*Војводата Леонид Јанков бил познат како заштитник на народот и селаните од Гевгелиско, Богранско и Кукушко од зулумите и зулумќарите, иако не бил идеолог бил исклучително ценет од граѓаните токму заради заштитарската дејност. Кога загинал 3000 луѓе му биле на погребот а цела Гевгелија 7 дена е плачела за Леонида.

Фејсбук статус на Никола Писарев

ОкоБоли главаВицФото