Изложба на Н. Пијанманов и В. Георгиевски: „Учителот, страдањето и учеништвото“

13.04.2023 14:22
Изложба на Никола Пијанманов и Владимир Георгиевски во Метаноја со наслов „„Учителот, страдањето и учеништвото“

На 13 април 2023 во галеријата „Метаноја“: изложба на Никола Пијанманов и Владимир Георгиевски. 

Избраните дела за изложбата се инспирирани од Христовите страдања. Тие се прикажани буквално на сликите, но уметничкиот израз носи и бројни метафори на страдањето како феномен – општото искуство на човештвото со кое Христос се поистоветува. Една од паралелите е совршениот пример на Исус кој ги воведува и ги води следбениците низ учеништво кое бара непоколеблива посветеност, самопожртвуваност и љубов.

Георгиевски и Пијанманов во дијалог даваат уметничко сведоштво пред сѐ за Христовите страдања, но и за инспирацијата од него за односот учител-ученик.

Коста Милков вели во каталогот: „Оваа изложба е посветена на животот на Исус Христос со неговите ученици, а се состои од избор на дела на темата на еден учител, Владимир Георгиевски и еден ученик, Никола Пијанманов. И двајцата се сметаат за Христови ученици, па тој факт се огледува во нивните дела. Изложени се шеснаесет слики од опусот за Страсната недела и Велигден“.

 

ОкоБоли главаВицФото