Тоше во Дизни издание

15.04.23 14:38

Што велите за овие слики на нашиот великан Тоше Проески во Дизни издание?

За жал не се работи за нов анимиран филм на Дизни со Тоше Проески во главната улога, иако според нас тој го заслужува тоа.

Се работи за нов модел трениран Бранко Прља и Владимир Карер, со помош на Dreembooth и генеративната вештачка интелигенција наречена Stable Diffusion.

Зошто го избравме ликот на Тоше Проески?
По Горан Стефановски и Петре М. Андреевски, го избравме Тоше. Тој според нас е великан на рамниште со другите двајца.

Тоше Проески замина премногу млад и остави многу зад себе. Ни остави песни, стихови, гордост, но и тага. Ни остави порака дека секој од нас треба да биде горд на својата земја и пожртвувано со страст да ја претставува каде и да оди. Таа земја го одгледала и го направила тоа што е, иако можеби е од друга етничка заедница.

Како што знаеме Тоше бил Влав, но Македонија ја носеше во срцето и „на ракавот“ во секоја прилика кога тоа беше битно. Ја претставуваше својата земја достојно, верно и предадено. Како и многу други Власи кои оставиле несебично наследство за Македонија, ниту тој не го истакнувал своето потекло. Такви примери во нашата историја се многу, од Питу Гули, Рајко Жинзифов, браќата Манаки, Никола Мартиновски, Димитрие Османли, Атина Бојаџи, преку многу други.

За историјата и улогата на Власите во Македонија може да прочитате тука.

Како го трениравме ликот на Тоше Проески?
По ликовите на Горан Стефановски и Петре М. Андреевски, се решивме да тренираме ВИ за ликот на Тоше Проески. За Горан го користевме исклучиво Stable Diffusion, за Петре Leonardo.ai, додека за Тоше ги користевме двете претходни апликации, плус апликацијата Train Engine.

Заклучивме дека најдобри резултати се добиваат со Stable Diffusion, креативноста која ја покажува моделот е најголема, ликот не е ограничен од положбата на телото или лицето која ја имал во сликите со кои бил трениран моделот.

Иако Leonardo AI и Train Engine понекогаш даваат визуелно подобри резултати, сепак нивната креативност е ограничена и не оди многу подалеку од сликите на кои се тренирани моделите.

Midjourney како најквалитетен модел за жал нема опција за тренирање.

Ова се резултатите на нашето тренирање во потесен избор, повеќе слики можете да видите (и да симнете) тука (големината на датотеката е 100 MB).

Еве го Тоше во стилот на уметноста на Џек Кирби:

Тоше како Супермен: 

 Како суперхерој на DC стрип:

Тоше како херој на Марвел: 

 Тоше во ретро стил со живи бои:

 Moebius стил:

 Доколку Енди Ворхол би го портретирал Тоше: 

 Во Арт деко стил:

 Арт нуво: 

 Во стилот на Бучер Били: 

GTA стил:

Кит Херинг би го нацртал вака: 

 Пикасо би го видел вака:

 Киберпанк Тоше:

 Психоделичен стил: 

 Доколку Тоше би бил дел од ретро пропаганда би изгледал вака:

 Тоше доколку би бил исцртан на витражен прозорец:

 Тоше во Вес Андерсон естетика:

 Пол Сезан Тоше:

 Стилот на Дејвид Хокни:

 Во стилот на Едвард Мунк: 

 Тоше како Дизни лик:

Грег Рутковски:

Ретро стрип Тоше:

 Тоше во стилот на Шепард Фери:

 И повторно во стилот на Шепард Фери:

 Тоше доколку би бил нацртан од Џилијан Тамаки:

Ким Јунг Ги:

 Извор: arno.mk 

Слични содржини

Технологија / Музика / Око
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност / Око
Свет / Технологија / Уметност / Око
Графички Дизајн / Технологија / Око
Графички Дизајн / Книжевност / Технологија / Око
Свет / Технологија / Око

ОкоБоли главаВицФото