Влада Урошевиќ ја промовира својата нова книга „Вонземјанки“ во Кино Фросина

18.04.2023 10:36
Влада Урошевиќ ја промовира својата нова книга „Вонземјанки“ во Кино Фросина

 Во вторник, 18 април, од 20 часот во Кино Фросина во МКЦ ќе одржи промоција на најновата книга од Влада Урошевиќ, збирката раскази „Вонземјанки; раскази од Латинскиот кварт“ во издание на Или-Или. Книгата низ разговор со авторот ќе ја претстави писателот Гоце Смилевски.

„Расказите од книгата „Вонземјанки; раскази од Латинскиот кварт“ ни покажуваат колку е важен не само градот во кој се пишува, туку и градот за кој се пишува; Влада Урошевиќ во Париз ја наоѓа и логиката и отвореноста кон подрачјата каде логичките закони не важат, или, попрецизно – каде што важи една поинаква логика, логика на невозможното. Низ тоа претставување на една полицентрична стварност, составенa од повеќе планови, понекогаш комплементарни, другпат спротивставени едни на други, кои ни овозможуваат да погледнеме на дејствијата и ликовите од различни точки, честопати со ефект сроден на мултиплицираните перспективи од делата на Ешер, Влада Урошевиќ со своите дванаесет раскази од збирката „Вонземјанки“ успева да оствари маестрална проза.“ вели Смилевски.

ОкоБоли главаВицФото