Тиковите на Моцарт

20.04.2023 14:01
Тиковите на Моцарт

Британскиот композитор Џејмс Меконел ја претстави тезата дека Моцарт имал Туретов синдром кој значително го преиначил творечкиот правец на неговата музика. Меконел и самиот живее со Туретов синдром.

Изучувајќи ги моцартовите писма и музички партитури, Меконел забележал употреба на пцости и накарадни зборови во писмата. Моцарт е истовремено познат по импулсивното однесување, на пример, еднаш прекинал еден свој концерт бидејќи сакал да свири со мачка која заталкала во концертната сала.

Меконел исто така претпоставува дека Моцартовото воведување на комплексни музички аранжмани, во време кога не биле популарни, произлегло од потребата да го контролира сопственото однесување.

Во времето кога живеел Моцарт, Туретовиот синдром не бил познат.

„Туретовиот синдром не е она што го направил генијалец“ - кажува Меконел - „тој би бил генијален без оглед на се́. Но сметам дека музичкиот правец на кој тој припаднал бил под влијание на Туретовиот синдром., затоа што неговата музика ја рефлектира борбата помеѓу хаосот и контролата.“
Моцарт е заслужен за повторното откривање на контрапунктот и фугата. Тоа ниво на комплексност било својствено на музичките стилови на Бах и Хендл, а во времето кога компонирал Моцарт требало да се создава музика со која артистократијата би танцувала, а тоа значело едноставна и помалку формализирана.

извор: portaloinvalidnosti.net
илустрација: Гонзало Григера 

ОкоБоли главаВицФото