1025 hPa
58 %
11 °C
Скопје - Вто, 12.11.2024 14:14
Секако дека имаше знаци
на долгиот пат кон себе:
вир со валкана вода од кој
не смее жедниот да пие;
износени мокасини (чии ли се?)
дамна заборавени во правта;
свиено јаже обесено на дрен
(кој и што врзувал тука?);
памучна шамија со дамки
од зрелите рубини на капината
(на која ли Вероника е?)…
Секако дека одот беше бавен,
нога по нога влечејќи по ридот
а пред секое око груба греда,
кои треба да се спојат во крст
пред да се распне секој сам
на извишената Голгóта
и сам без крила и без ореóл
(ако воопшто смогне!)
високо да се воздигне себе
над толпата што чека
силен тресок во прав.