Темплум на Саемот на книгата 2023

03.05.2023 14:47
Темплум на Саемот на книгата 2023

Претставуваме 16 нови изданија на издавачката куќа Темплум.

 

Скопски раскази

После 25 години (од збирката Ден во Скопје) нова збирка со скопски раскази, во Темплум. Застапени се 66 автор(к)и.

Славко Јаневски – Јован Бошковски – Блаже Конески – Мето Јовановски – Томе Арсовски – Димитар Солев – Цане Андреевски – Благоја Иванов – Душко Родев – Влада Урошевиќ – Бранко Варошлија – Михо Атанасовски – Ташко Георгиевски – Тања Урошевиќ – Оливера Николова – Цветанка Трпкова – Аљоша Руси – Гордана Михаилова Бошнакоска – Луан Старова – Данило Коцевски – Владимир Плавевски – Ристо Лазаров – Драги Михајловски – Горан Стефановски – Лилјана Дирјан – Јагода Михајловска Георгиева – Александар Прокопиев – Јадранка Владова – Томислав Османли – Ерол Туфан – Ѕвездан Георгиевски – Ермис Лафазановски – Владо Манчевски – Светлана Камџијаш – Лилјана Пандева – Пандалф Вулкански – Сашо Стефановски (Џанго Помалиот) – Марина Костова – Оливера Ќорвезироска – Сашо Гигов ГИШ – Елизабета Баковска – Будимка Поповска – Игор Исаковски – Деспина Ангеловска – Лидија Димковска – Илина Јакимовска – Мимоза Петревска Георгиева – Владимир Мартиновски – Иван Додовски – Калина Малеска – Гоце Смилевски – Гето Руди (Дејан Василевски) – Снежана Младеновска Анѓелков – Бранко Прља – Владимир Лукаш – Жарко Кујунџиски – Румена Бужаровска – Ѓорѓи Крстевски – Саша Станишиќ – Ирена Јурчева – Анета Попова – Ѓоко Здравески – Живко Гроздановски – Иван Шопов – Тамара Јолевска Попов – Хана Корнети.

 

Раздавање на душата - Цветанка Трпкова

Цветанка Трпкова по многу нешта ќе остане запаметена во македонската култура. Овде претставуваме дел од нејзиното мошне интересно прозно творештво. Таа објави две збирки со кратки раскази: Бележани со некој пален знак (1979) и Големото чистење (1984). Од тие две книги за едицијата Магма издвоивме 17 кратки раскази, зачудувачки свежи и живи, педесетина и повеќе години по настанувањето.
Поговорот на книгава го напишаа Кирил и Синоличка Трпкови.

Цветанка Трпкова, родена Секулоска, беше прилепчанка по мајка и по татко, дете на Александар Секулоски (Цане Боксерот) и Блага Пирганоска. Родена е на 21 март, првиот ден на пролетта, 1939 година. Во 1989 година загина во сообраќајна несреќа.

Оливера Николова, За Ценче

Премин во времето - Миѓен Келменди

„Балканска сага за дваесеттиот век, врз кој се спушта голем бел шал на заборавот.“

Романот претставува слоевита рефлексивна проза, комплексен книжевен меланж, документарна фикција, автобиографски мозаик од низа ликови во чија позадина секогаш ѕирка ликот на нараторот. Дејството се случува во 20 век, главно меѓу двете светски војни, овде, среде „западниот“ ни Балкан.

Миѓен Келменди е писател, публицист, преведувач и поранешен рокер (во осумдесеттите). Роден е во Приштина во 1959 година, каде што и денес живее.

фрагмент од романот

 

Стаклениот клуч - Дашиел Хемет

Дашиел Хемет (1894-1961) е не само првиот туку и најдобриот писател на тн. тврд американски крими-расказ. Критичарите го ставаат на самиот врв на американската литература, веднаш крај Фокнер и Хемингвеј. Нарекуван е „дивиот човек од Сан Франциско“, бидејќи тој е творец на „тврдо-варениот“ херој (или tough guy).

Политички бил лево ангажиран, поради што за време на макартизмот бил во затвор. Објавил пет антологиски романи, триесетина раскази, неколку филмски сценарија, а работел и на стрипот на А. Рејмонд, Тајниот агент Х-8. Неговата проза извршила значајно влијание врз филмот. Хемет се смета за основач на современиот hardboiled“ детективски роман.

 

Панда во дрон - Пандалф Вулкански и Ристо Аврамовски

Панда и Анаконда живеат заедно, на хациенда, во Уганда. Веднаш до нив живеат сестрите близначки, Линда и Белинда, кои слават роденден, заедно со своите братучетки: Аманда, Миранда, Јоланда и Росанда. Една драматична случка, во која ќе се појави дрон, ќе ги спои сосетките.
Во оваа луда книга, меѓу многуте необични работи, се појавуваат Дрвото на светот Игдрасил, кралот на птиците Симург, птицата Рох, голема колку облак, крилестиот пес Симаргл, кучето Лајка...
Главни се, сепак, една Панда и една Анаконда.

извадок од стрипот

 

Пргавиот заjак - Пандалф Вулкански и Будимка Поповска

Шумскиот весник донесува на Црната страница:

Пргав зајак од шумата направил кланица!

видео

Нарилник за вештерки - Дубравка Угрешиќ

Штефица Цвек во челустите на животот - Дубравка Угрешиќ

Значењето на Дубравка Угрешиќ за југословенската и постјугословенската книжевност е големо не само зашто станува збор за авторка која одамна ги надмина рамките на јазикот на кој пишува, туку и зашто таа беше е од ретките писателки која остана морален авторитет и за својата генерација, а и за оние што следеа.

Нарилник за вештерки (фрагменти)

 

Почнуваме - Ива Дамјановски

Тријажа - Ива Дамјановски

Две стихозбирки на исклучително талентираната музичарка и поетеса.

Добитник е на наградата „Игор Исаковски“ за најдобар дебитантски поетски ракопис во 2017 г. за стихозбирката „Тие“. Во 2020 излегува стихозбирката „Двоумење“, за која ја добива наградата „Браќа Миладиновци“. Во 2022 ги објавува „Почнуваме“ (избор од „Двоумење“ и „Тие“) и третата стихозбирка „Тријажа“.

Застапена е во низа антологии и списанија за книжевност. Нејзината поезија е преведувана на српски, грчки, хрватски, словенечки, англиски, албански, шпански, италијански, бенгалски и романски јазик.

Книжевен прашалник за Ива Дамјановски

 

Бегство од изгрејсонцето - Дејан Гаџовски

Победник на наградата „Новите!“ за 2022 година

Бегство од изгрејсонцето е краток роман што се одвива во Скопје и во Берлин. Тоа е романтична приказна за неуспешната љубов на двајца луѓе од различни земји - музичар и уметница. Освен романтична, книгава е и „филозофска“ - за смислата на животот, судбината, човечкиот карактер, психологијата, религијата... Главниот лик е постар човек кој сака уште еднаш да ја види својата најголема љубов и да се обиде да ја убеди да ги поминат барем последните години од животот заедно. Човекот се сели во нејзиниот град, Берлин. Пред да ја сретне, во домот за стари лица, тој на најблискиот пријател му ја раскажува целата своја животна приказна. Иако романот не е ведар, тој испраќа јасна порака дека работите не се лоши како што изгледаат на прв поглед, дека понекогаш треба да се слушне „другиот во себе“ и да не се очајува за пропуштените можности.

 

За ова се разговара само со зајаци - Ана Хоглунд

Поетско-сликарска книга во која авторката комбинира техники на колаж, фотографија и сликарство за да го прикаже комплексното чувство на главниот лик: ем да се биде различен, ем едновремено да се стреми кон градење заедница.

Авторката ги истражува мислите и растењето на еден млад и мошне чувствителен зајак, кој може да се смета за некаков тинејџер. Сликајќи го младиот зајак Хоглунд ги преиспитува и границите меѓу „книгите за млади“ и „книгите за возрасни“.

Ана Хоглунд е шведска писателка и илустраторка. Позната е по храбрите и креативни експерименти со темите и стиловите, а нејзините „книги за млади“ често ги надминуваат пропишаните возрасни и жанровски граници.

Освен многуте објавени сликовници (сама или во коавторство), Ана Хоглунд снимила и неколку анимирани филмови.

 

Шапката на господинот Зингер - Кери Феган и Душан Петричиќ

„Е па Лео, се прашувам зошто мојата шапка одлета туку-така. Можеби има нешто внатре.”

Господинот Зингер ѕирна во шапката.

„Што е? Што има во шапката?” праша Лео. Sирна и тој, ама не виде ништо.

„Аха, сега гледам”, рече господинот Зингер. „Има приказна. Приказна што сака да излезе надвор.”

Шармантната приказна на Кери Феган, проследена со имагинативните илустрации на уметникот Душан Петричиќ, ќе ги израдува младите читатели кои уживаат да плетат свои приказни.

 

Зборувам како река - Џордан Скот и Сидни Смит

„Секое утро се будам со звуци од зборови околу мене. И не можам сите да ги
изговорам.“

Едно момче што пелтечи се чувствува осамено, изолирано и неспособно да комуницира
на начинот на кој би сакал. Неговиот внимателен татко и една прошетка покрај реката
му помагаат да го најде својот глас.

Емпатичните родители веднаш ќе ја препознаат татковата способност да му помогне на
детето да се поврзе со светот околу него.

Џордан Скот во оваа трогателна и охрабрувачка книга пишува врз основа на сопственото
искуство, а илустраторот Сидни Смит сјајно ја илустрира. Ова е книга за секое дете кое се чувствувало изгубено, осамено и невклопено.

 

Малечката сојка - Ахонен

Дизни се судира со Кафка во оваа прекрасна, интензивна и оригинална приказна!

Една мало и многу исплашено птиче живее осамен и изолиран живот во голема куќа, заедно со својата немоќна мајка. Тоа никогаш не било надвор од куќата, љубопитно е, но преплашено од надворешниот свет. Aко се прашува мајка му, птичето никогаш не треба да си замине од куќата.

Ова дело на финските браќа Ахонен комбинира мрачна приказна со проблесоци на надеж и пријателство. Илустрациите се впечатливи и главно без зборови, со шарм на чаплиновски филм.

 

ЛИФТ # 5

Дваесетина кратки македонски стрипови од петтиот конкурс за стрип наградата „Лифт“.

 

ОкоБоли главаВицФото