Драгана Младеновиќ ја доби наградата на конкурсот за сликовница за попреченост

05.05.2023 15:37
Драгана Младеновиќ ја доби наградата на конкурсот за сликовница за попреченост

Седам копчи на сунцу (Седум конци на сонцето) на Драгана Младеновиќ е најдобро оценетиот ракопис на конкурсот за текст за сликовница на тема попреченост.

Текстот на Младеновиќ на мошне креативен и духовит начин го парафразира мотивот на Храбриот кројач, познат од бајките. Во современата бајка на Младеновиќ Храбриот кројач е слеп, а повеќето актери имаат некој проблем: некои принцези и принцови се во инвалидски колички, некои актери имаат штаки, некои носат темни наочари, некои имаат слушни апарати итн. Современата бајка на Драгана Младеновиќ има фуриозен ритам, извонредно осмислени слики, духовити дијалози во рамките на една минималистичка но мошне функционална драматургија во која ќе уживаат првенствено помладите читатели.

Жирито (Никола Гелевски и Иван Велисављевиќ) издвои уште десетина ракописи, од Србија и Македонија, кои отскокнаа со квалитетот.

Од Македонија: Елена Пренџова, Над планините; Моника Стојановска, Најдобриот набљудувач на светот; Мартина Дукоска, Наметната попреченост; Владимир Трајановски, Еднакви; Ирена Димова, Изгубен во Зборовград; Дајана Сиљаноска, Лука во светот на музичките платна.

Од Србија: Симон Марић, Необична сликовница; Jелена Калајџија, Миланче, Маљенки и још понешто; Мирјана Огњановић, Пала је ноћ; Јелена Тасић, Туга је боје мрака; Марија Манојловић, Прича о (не)моћи.

Доколку се најдат финансиски средства, овие десетина ракописи ќе бидат испечатени, со согласност на авторите, во овогодинешниот број на списанието Маргина, кој ќе биде посветен токму на темата попреченост. Маргина #95 ќе биде промовирана на книжевниот фестивал Друга приказна, на почетокот на септември (1-3 септември 2023).

Тогаш ја планираме и промоцијата на сликовницата Седум конци на сонцето (Седам копчи на сунцу) од Драгана Младеновиќ.

Честитки за победничката!

И голема благодарност до сите 43 автори кои ги испратија своите ракописи.

Конкурсот го организираат здружението Контрапункт (Скопје) и издавачката куќа Темплум (Скопје), а српски партнери се Центар за биополитичко образовање Биополис (Београд) и Културни центар Шабац (Шабац).

Проектот е поддржан од READ(Regional Network for Cultural Diversity) и Европската Унија.

ОкоБоли главаВицФото