Дизајнот на поканите на британската монархија

08.05.23 13:20

На 6-ти мај се одржа крунисувањето на кралот Чарлс III.

Поканите за крунисувањето беа дизајнирани од Ендру Џејмисон - хералдичар чии дела се инспирирани од витешката тема на легендата за Артур.

Оригиналот на поканата е нацртан рачно во акварел и гваш техника, а репродукцијата испечатена на рециклирана хартија украсена со златна фолија. Централниот елемент на дизајнот е Зелениот човек: древна митска фигура од британскиот фолклор која означува пролет и преродба како начин да се прослави новото владеење.

Маргините на поканата се украсени со елементи на она што се смета за типична британска ливада но се и симболични за Обединетото Кралство.

На поканата има диви цвеќиња, лисја од даб, бршлен и глог, флора како што се кринот, шумските јагоди, нар, зумбули, и гранче од рузмарин за сеќавање, но вклучени се и претстави на животинскиот свет, вклучувајќи пчела, пеперутка, бубамара, палче и црвеногушка.

Цветовите се групирани во тројки, што означува дека кралот станува третиот монарх со неговото име.

Меѓу цвеќињата може да се видат лав, еднорог и дива свиња, кои се позајмени од монархистичките амблеми.

За крунисувањето на кралицата Елизабета II во 1953-та младиот принц Чарлс добил своја посебно илустрирана покана. 

Влезница за крунисувањето на кралот Џорџ IV на 19-ти јули, 1821 во Вестминстер Аби. Се верува дека дизајнерот е Сер Вилијам Конгрив.

За крунисувањето на кралот Вилијам IV и кралицата Аделаида на 8-ми септември 1831 поканата била со едноставен дизајн. 

 

Војвотката од Кент ја искористила оваа влезница за крунисувањето на нејзината ќерка кралицата Викторија на 28-ми јуни 1838.

Најстарата покана за крунисување која е во кралските архиви е онаа на кралот Џорџ III и кралицата Шарлот, која се одржала на 22 септември во 1761 година. 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото