Промоција на збирката поезија на Јовица Ивановски наречена „Живот на меѓукат“

10.05.2023 01:34
Промоција на збирката поезија на Јовица Ивановски наречена „Живот на меѓукат“

Во четврток (11 мај) во 20 часот, во Културно информативниот центар, во изложбениот салон „Империјал 1“, ќе се одржи промоција на поетската книга „Живот на меѓукат“ од Јовица Ивановски.

Ова е неговата осумнаесетта збирка поезија и првата по добивањето на наградата „Браќа Миладиновци“ за книгата „Човек“ (2019).

За книгата ќе зборува Ѕвездан Георгиевски а песни од книгата ќе читаат Борче Николовски, познат македонски поет и преведувач, и Исмет Шабановиќ, актер од Драмски театар - Скопје.

Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на седумнаесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“, на Струшките Вечери на Поезијата, за книгата „Човек“ (2019). Сè уште живее и работи во Скопје.