Рива Лерер ја воочува естетиката на инвалидитетите

12.05.23 19:05

Рива Лерер е американска сликарка, писателка, професорка и активистка во областа на попреченоста.

Родена е во 1958-та година во Синсинати, Охајо, со спина бифида поради која поминала низ мноштво операции во текот на нејзиниот живот, започнувајќи во нејзиното рано детство со цел да го направат нејзиното тело повеќе „нормално“.

Бидејќи поминала значителен дел од своето детство во болница, таа добила интимен поглед во механизмите на медицината кој влијаел врз нејзината кариера. Нејзините дела како целина се наменети да ја отфрлат идејата на сожалување и да инспирираат нов начин на размислување, и воочување на убавината на инвалидитетите.

Во 1980 година, таа се преселила во Чикаго, каде што се́ уште живее и продолжува да ги изложува своите дела.

 

ОкоБоли главаВицФото