Животот на трансродовите лица не е подеднакво вреден за заштита

18.05.2023 10:20

Пораката од институциите до мене е јасна: мојот живот и животот на трансродовите лица не е подеднакво вреден за заштита. Со законот (за матична евиденција) се овозможува да се сменат личните документи кои го засегаат само лицето кое ги поседува и институциите пред кои ги приложува. Никој не ми бара лична карта за да влезам во женско веце. И сега со М во лична карта влегувам ви женско веце и ништо од тоа што го предвидуваат противниците не се случи, не се распадна семејството, не се распадна општеството.

Трансродовите луѓе во оваа земја менуваат документи, постапки кои се провизорни и можат да траат до 10 години. Со овој закон, наместо да ни се менуваат документите со одлука на Европскиот суд за човекови права, ќе се менуваат со одлука на Управата за матична евиденција. Наместо да се менуваат за една деценија, ќе се менуваат за еден месец. За трансродовите луѓе ова значи многу, значи дека нема да изгубиме 10 години од животот кои оставаат трајни последици; значи дека ќе можеме да си најдеме работа, да не бидеме социјални случаи, да не ни страда здравјето поради стравот и анксиозноста на секое одење во банка или на граница.

За разлика од нас, овие документи ништо не им значат на останатите граѓани. До сега околу 14 трансродови луѓе ја смениле ознаката за пол и матичниот број, па ете, не дојде до тој крај на светот како што предвидуваат противниците.

Лила Митиќ, во Собранието на РСМ, 17.05.23.

 

ОкоБоли главаВицФото