Почнува втората меѓународна конференција „Филозофија и филм“

19.05.2023 16:49
Втора меѓународна конференција „Филозофија и филм“

 Во продолжение на традицијата на Филозофскиот филмски фестивал на 25 и 26 мај(14-20 ч.) 2023 година ќе се одржи Втората меѓународна конференција „Филозофија и филм“.

На конференцијата ќе учествуваат 24 престижни научници од разни земји(САД, Канада, Романија, Босна и Херцеговина, Шведска, Италија, Швајцарија, Турција, Шпанија, Велика Британија, Ирска, Португалија, Унгарија, Србија, Украина, Грција, Хрватска и Македонија) кои ќе ги презентираат своите студии и анализи на разни филмски дела и автори. Меѓу нив се и клучните говорници годинава: Дејвид Стерит, професор по кинематографија и критичар за The Nation и The Christian Science Monitor, и Луси Болтон, професорка по филмски студии на Квин Мери универзитот во Лондон.

Конференцијата е интегрален дел на Филозофскиот филмски фестивал чијашто Главна програма на 13-тото издание ќе се одржи во периодот 2-9 јуни во Кинотеката на С. Македонија. Годинава Фестивалот во својот фокус го има Годар*, па соодветно на тоа и инаугуралната сесија е посветена токму на творештвото на овој филмски великан.

Конференцијата е биенална и за наредната година е планирано излегување на Зборник текстови од Конференцијата (по примерот на интернационалниот Зборник кој произлезе од Првата меѓународна конференција во рамките на Фестивалот во 2021 година).Конференцијата е бесплатна и отворена за сите заинтересирани. Работниот јазик е англиски. За да се приклучите на конференцијата, потребно е да се регистрирате преку овој линк.

За повеќе информации за програмата, учесниците и абстрактите на конференцијата, посетете ја официјалната веб-страница.