Најпознатите вештерки во историјата

22.05.23 19:55

Голем дел од овие фигури се појавуваат и во старите и во новите приказни, а некои успеале да си обезбедат сигурно место во историјата.

Па да ги погледнеме вештерките - и древни и/или од модерната историја кои сите би требало да ги знаат. И покрај тоа што овие вештерки (веројатно?) немале магични моќи, тие сигурно живееле некогаш во историјата. Морничаво!

 Изобел Гоуди

Оваа шкотска вештерка е посебна бидејќи се исповедала за своето маѓепсништво без да биде измачувана. Имајќи предвид што им правеле на вештерките во тој период, самоволното исповедање можеби не била најбистрата идеја. Нејзиното признание вклучувало и детални приказни за нејзините способности - на пример - трансформирање луѓе во животни. Ние сега знаеме дека старата добра Изобел, не била со сите даски во главата, ако знаете на што мислиме. Има доста шпекулации околу тоа дали била психотична или принудена да го даде признанието.

Мол Дајер

Озлогласената Блер вештерка. Постоењето на оваа вештерка веројатно не е ништо повеќе од суеверие, но приказната кажува дека таа била гонета од нејзината колиба до шумата, каде што смрзнала . Сега ги прогонува луѓето кои ќе се најдат во близина на колибата, со тоа што ги остава да лутаат во круг, со видео камера - за да направат просечен хорор филм.

 

Дион Форчун

Додека Дион изгледа дека била само писателка која имала наклонетост да пишува за окултното, таа сепак го основала и „Братството на внатрешната светлина“ кое стекнало со огромен број следбеници. Веројатно била најважната фигура во раните 1900-ти во британскиот окултизам, што веројатно не е тешка титула за добивање - има точно нула други британски окултистки, трендсетерки.

 


Ла Воис

Да, била Французинка. Воглавно се занимавала со отрови, абортуси, гатање, и барање совети од Ѓаволот. Природно, била запалена жива, кратко откако ја фатиле во доцните 1670-ти.

 


Мари Лаву

Вуду свештеничка позната по филмот „Амерканската хорор приказна: Ковен“. Таа била родена како слободна црна жена во Њу Орлеанс. Сите доаѓале во Њу Орлеанс по лекови и совети. Едно време се верувало дека доколку се напише „Х“ на нејзината надгробна плоча - ќе се добие благослов, што ги објаснува иксовите кои се со шкрабаници на нејзиниот гроб. За жал, среќата не функционира баш така.

 


Титуба

Иако Титуба е фиктивен карактер од романот „Вештерката од Салем“ на Артур Милер таа всушност е инспирирана од вистинска личност. Таа била една од првите луѓе од Јужна Америка кои биле обвинети за маѓепсништво, и на крај на животот била откупена од затворот од непозната личност.

 

Мајка Шиптон

Веројатно една од најгрдите вештерки во историјата, Мајка Шиптон била вештерката која е одговорна за постоењето на стереотипното лице на караконџола. Впрочем - тоа бил нејзиниот прекар! Но фактот дека е родена во 16-от век, наместо во 17-от, значи дека повеќе ја сметале за пророк отколку вештерка. Тоа исто така значи дека не била ниту запалена, ниту удавена - туку дека живеела среќен и исполнет живот.

 

 

Слични содржини

Живот / Историја
Око / Историја
Око / Историја
Фотографија / Наука / Око / Историја
Уметност / Око / Историја
Уметност / Око / Историја

ОкоБоли главаВицФото