Евтини изговори

24.05.2023 19:12

Дозволи ми
да ја ставам ракава
на твоето срце
да осетам
како чука
и моево
да го ускладам со твоето
дозволи ми
со ракава
да го чујам
твоето млеко
како ти шепоти од телото
со ракава да дознаам
дали го шепоти моето име
зашто мојата крв го вреска твоето
дозволи ми
да ја ставам раката
таму
и да го почувствувам
ритамот на твојата воздишка
така ќе видам
дали воздивнуваш по мене
но колку и да се трудам
не можам да те излажам
ти знаеш
сето ова
се евтини изговори
за да те фаќам за цицки
го знаеш тоа
а ништо не велиш
само се смешкаш
и ми одмавнуваш
одречно со главата.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото