Македонија во топ 5 земји во светот според приходите по жител од индустријата за мед

25.05.2023 12:55
Македонија во топ 5 земји во светот според приходите по жител од индустријата за мед

Според пресметките засновани на Statista Market Insights и податоците за населението на Светската банка, кинеската индустрија за мед заработила 17 долари по жител на Кина во 2021 година. Така, освен што Кина е земја која во светот произведува најмногу мед, таа е лидер и во приходите по глава на жител генерирани преку еден од најстарите и најкористени засладувачи во природата.

Втора е Канада која обезбедува 9,8 долари од индустријата за мед, а Македонија е на трето место со приходи од 9,4 долари по жител од производството на мед.

Индонезија и Виетнам се на шестото и седмото место со приход по глава на жител од 6,5 и 6,0 долари, соодветно, што ја одразува важноста на азиските пазари за глобалното производство на мед. Во 2021 година, скоро половина од светскиот мед потекнал од земјите од овој географски регион.

Според вкупната пазарна вредност на засладувачите ширум светот, медот има удел од 28% од вкупниот глобален приход од 145 милијарди долари. Додека вештачките засладувачи како сахарин или стевиа придонесуваат со 21,7 милијарди долари, шеќерот е одговорен за 82,3 милијарди долари.

извор: agrotim.mk