Отворен повик за работилница за драмско пишување во КСП Центар – Јадро со наслов „Overview effect"

26.05.2023 10:30
Отворен повик за работилница за драмско пишување во КСП Центар – Јадро со наслов „Overview effect"

Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА во рамките на регионалниот проект „The east side of the stage” објавува отворен повик за учество во петдневната интензивна работилница за драмско пишување со наслов „Overview effect!“ (Мотивирано од климатските промени).

Некои од прашањата кои ги поставува концептот на Overview effect (Ефектот на надгледување) е „Како изгледа Земјата од вселената? Како би се чувствувале да ја видите нашата планета како мала, кревка и прекрасна топка во црнината на просторот? Како би влијало тоа на вашиот начин на размислување и чувствување за светот и човештвото?“ Когнитивната промена на свеста за која известуваат некои астронаути за време на своите летови во вселената, откако имаат прилика да ја гледаат нашата планета од вселената, тие чувствуваат обврска и одговорност да ја чуваат таа кревка сина точка. Терминот е смислен од страна на вселенскиот филозоф и автор Франк Вајт.

Работилницата ќе биде водена од страна на италијанскиот драмски автор, актер, драматург и педагог Валтер Прете, ко-менториран од страна на италијанскиот режисер, актер и специјалист за социјален театар Густаво Даверса и двајцата основачи на театарската трупа Алиби. Работилницата е наменета за десет активни учесници - професионални автори, како и оние во подем, драмски автори, драматурзи, писатели, експерти и ентузијасти за драмско и креативно пишување, театарски практичари кои активно пишуваат, еко-активисти, еколози, учители и студенти на факултетите за драма и театар.

Целта на работилницата е да го поттикне креативното пишување со инспирација од концептот на Ефектот на надгледување и да генерира нови драмски текстови кои ќе се занимаваат со темите на климатските промени, еколошката свест и глобалната одговорност. Работилницата ќе им помогне на учесниците да ги развијат своите вештини за драмско пишување, да го прошират своето разбирање за различните формати и жанрови на драмската литература и да ја зголемат своето самодоверба како автори.

Работилницата ќе се одржува од 2 до 7 јуни 2023 година (од 10ч до 15ч) во КСП Центар – Јадро во Скопје. Официјалниот јазик ќе биде англиски. Седмиот ден ќе има јавен настап – јавно презентирање на резултатите од работилницата пред публика.

Драмските текстови ќе бидат објавени како е-Книга веднаш по завршувањето на работилницата и ќе биде меѓународно промовирана. Учесниците на работилницата ќе добијат сертификати за учество на работилницата со Валтер Прете и Густаво Даверса.

Ако сте заинтересирани приложете го вашето кратко ЦВ или биографија како и ваша промотивна фотографија во висока резолуција до 29 мај 2023 година. Приложете го вашето пријавување на следниот имејл (macedoniancenterofiti@gmail.com), со назнака: Учество на Работилница на Валтер Прете.

Продуцент/Организатор: Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, домашен партнер е КСП Центар – Јадро, а покровител: Министерство за култура на Р. Италија

 

Слични содржини

Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото