
до пред малце бев во пеколот.
можам да ви средам господски места.
*
ѓаоло ни ора ни копа.
копка.
*
слабо инспирација периодов. ич муза не ме лази.
*
имам пеперутки во стокомак.
*
полуден сум,
полуноќ.
*
рани девеести да те лаат.
*
да се прекрстиме.
не се мисли на името.
*
отклучок повеќе од заклучок.
*
колку повеќе јас,
толку поголем јаз.
*
селфито од блиску доаѓа.
*
фатил политичар златна рипка и рипкава му остварила три средби.
*
коза мостра. коза за пример.
*
иначе е малечко инаку.
*
дали квазимодо носел ѕвонарки?
*
оговарам, значи не ми е добро.
*
– извинете, може ли да ви поставам едно прашање?
– веќе ми поставивте едно прашање.
*
привлечен е и тој што привлекува
и тој што е привлечен.
*
џовани фокачо сакал преку леб погача.
алигиери шпагетите ги сакал ал данте.
*
посната сарма ми е посармантна од мрсната.
*
„сите желби да ти се испразнат!“
стара будистичка
*
итака? натаму.
Слики: Gérard DuBois