Повик за учество за работилница за книжевен превод „БЕЗ ФУСНОТИ“

29.05.2023 13:52
Повик за учество за работилница за книжевен превод „БЕЗ ФУСНОТИ“

Работилницата за книжевен превод „Без фусноти“ е наменета за млади преведувачи на почетокот на нивната кариера кои преведуваат од македонски на останатите јужнословенски јазици и на албански јазик и обратно, и кои се заинтересирани за техниките на преведување книжевни и уметнички текстови и проблеми при нивната адаптација.
Работилницата ќе се одржи на 10 јуни (сабота) во 16.00 часот, во социјалниот клуб „Комитет“.

На учесниците ќе им биде даден краток фрагмент од прозен книжевен текст, кој ќе го преведат на јазикот по сопствен избор, а потоа ќе разговараат за нивните преводи во текот на работилницата.
Особено ќе стане збор за преводот на квир книжевноста и за предизвиците што квир поетиката ги поставува за книжевниот превод.

Работилницата ја води лингвистот и преведувач Ѓорѓе Божовиќ.

Бројот на учесници на работилницата е ограничен на петнаесет.

Заинтересираните учесници треба да се пријават преку гугл-формуларот, или на мејлот izborsteficacvek@gmail.com, најдоцна до 08 јуни 2023.

Работилницата се одржува во рамки на активностите поврзани со регионалната книжевна награда за феминистичка и квир книжевност „Штефица Цвек“.

Ѓорѓе Божовиќ е доцент на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Белград, каде што предава предмети по општа и балканска лингвистика. Од албански јазик превел повеќе дела од современа поезија, проза, публицистика и драма од автори како Љуљета Лешанаку, Аријан Лека, Ветон Сурои, Еди Рама, Јетон Незирај и други. Неговите два најнови преводи се автофикциите „Вечерен автобус“ од Стефан Алијевиќ од македонски на српски јазик (Нови Сад: Kulturanova, 2023) и „1997“ од Кристи Пиндери од албански на српски јазик (Белград: Pobunjene čitateljke, 2023).

ОкоБоли главаВицФото